• Latest

Заев: Потребен е широк консензус за реформите во правосудството

April 5, 2018
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Потребен е широк консензус за реформите во правосудството

April 5, 2018 17:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска учествуваше и се обрати на Свечената академија на Регионалната конференција „Зајакнување на квалитетот на правдата во светло на правосудната реформа“.

На дводневната Регионална конференција која по повод Денот на правосудството, ја организираше Здружението на судиите, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, присуствуваа министри, амбасадори и претставници на правосудството.

„Апсолутно сум застапник на концептот за почитување на интегритетот на судиите и за нивната самостојност и независност. Тие самите, низ својата пракса да ги препознаваат можностите за нивно усовршување, како и да ги препознаваат застранувањата и за нив да разговараат и да ги отстрануваат со помош на механизмите внатре во правосудниот систем“, истакна премиерот Заев во своето обраѓање.

Заев, кој воедно е и претседател на Советот за следење на имплементацијата на реформите во правосудството додаде дека граѓаните очекуваат, судиите да ги исполнуваат високите стандарди на интегритет, независност и непристрасност.

„Нагласувајќи ја исклучителната важност на реформите во правосудството“, премиерот Заев  рече дека актуелната Влада е посветена на спроведување на суштинските реформи во овој сектор, со цел враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем како и подобрување на пристапот до правда за сите граѓани и целосно владеење на правото.

„Оваа 2018 година ќе биде година на најважните правосудни реформи откако Македонија е држава кандидатка за членство во ЕУ. Стратегијата беше направена врз основа на темелни консултации со сите релевантни чинители и со целосна поддршка од ЕУ. Здружението на судии беше активно вклучено и даде вреден придонес“, истакна Заев, истакнувајќи дека со цел кредибилни правосудни реформи се води и активен дијалог со опозицијата во Собранието за постигнување на политички договор за законите од областа на правосудството.

На крајот од своето обраќање тој истакна дека освен изработувањето на законите, многу е важно тие да се применуваат доследно и во интерес владеењето на правото и во интерес на граѓаните за чија јавна доверба сите институции постојано треба да се борат.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран Заевконференцијаобраќањеправосудство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ