• Latest

Заев: Преку фер, слободни и демократски избори сите победуваме во Македонија

October 27, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Преку фер, слободни и демократски избори сите победуваме во Македонија

October 27, 2017 10:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Горд сум што во првиот изборен круг имавме кристално чисти избори заради тоа што само преку фер, слободни и демократски избори сите победуваме во Македонија. Такви избори треба да имаме и в недела“, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, по вчерашната средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети и кандидатката за градоначалник на Тетово, Теута Арифи, јавува МИА.

„Денеска сме овде за поддршка на актуелната и идната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи. Заедно, како коалициски партнери, уште пред првиот круг кога ја објавивме нашата коалиција за локалните избори, даваме меѓусебна поддршка и веруваме во иднината на Македонија. Ова што го правиме е вредно за почит. Веројатно, првпат во самостојна Македонија се случува уште пред изборите да се склучат коалиции на многу транспарентен начин. Чесно, отворено, транспарентно ја побаравме подршката и јас и од овде сакам да ја побарам подршката од граѓаните на Тетово за Теута Арифи“, изјави Заев по завршувањето на средбата.

Тоj посочи дека Арифи е една од ретките жени на оваа функција и додаде дека верува оти Тетово под нејзино раководство и со поддршка од централната власт, ќе има одлични перспективи во периодот што следи.

Ахмети порача дека постојано работеле и се ангажирале за демократските процеси и затоа, додаде, истите стандарди да се применат и на 29 октомври затоа што тоа е многу значајно за нашата заедничка иднина.

„Заеднички анализиравме и меѓусебно се информираме околу почитувањето на предизборниот договор. Споделивме мислења дека договрот функционираше нивоа. Разговаравме и за важни теми што не очекуваат по изборите затоа што кампањата е толку динамична што ние двајца се среќававме првпат откако го постигнавме договорот пред изборите“, изјави Ахмети и посочи дека целиот договор бил спроведен од органите на двете партии и нивните изборни штабови.

На новинарско прашање дали ги коментирале и односите во владината коалиција, Заев истакна дека разговарале да се погрижат пред се како власт, изборите да бидат регуларни, фер, демократски и слободни и оти тоа е приоритет на сите.

„Навистина не навлегуваме во коалициите, иако имаме поприлично незгодна состојба, со еден од коалициските партнери. Тоа е негово право, локални избори се. Локалните избори се различни од парламентарните избори, и оставаме секој на својата одговорност“, оцени Заев.

Тој посочи дека коалицијата со ДУИ ја објавиле уште пред изборите.

„Во првиот изборен круг гледате дека оставивме во Струга, во Гостивар граѓаните да го кажат својот правец. Еве ги кандидатите во вториот изборен круг. Зијадин Села одлучи да влезе во коалиција со Беса, го гледам некаде и со ВМРО-ДПМНЕ, тоа е негово право. Секако, тој си носи одговорност и пред своите гласачи“, рече Заев, известува МИА.

Лидерот на СДСМ рече оти коалицијата со ДУИ ја направиле уште пред самата кампања, и стојат на тоа транспарентно, отворено, затоа што веруваат во заедничката иднина, пред се, како што рече, за сите граѓани на Македонија.

„ Секако веруваме и во она што ја чека Република Македонија. Време на сериозни одлуки, време на сплотеност, време на единство и време на работење во интерес на сите граѓани“, посочи лидерот на СДСМ.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

 

Tags: Али АхметиЗоран Заевлокални избориТетовоТеута Арифи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ