• Latest

Заев: Со граѓаните ја одбранивме демократијата во Македонија!

September 15, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Со граѓаните ја одбранивме демократијата во Македонија!

September 15, 2017 12:34
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународниот ден на демократијата, премиерот Зоран Заев испрати порака до македонската јавност

„Организацијата на Обединетите Нации по чиј мандат се одбележува овој ден, утврди дека темата за 2017 година е ‘Демократијата и превенцијата на конфликти’. Од ‘зградата на светот’, пораката која ја пренесуваат владите е – дека сите земји мора да работат на зајакнување на демократските институции кои ќе овозможат промоција на мир и стабилност.

Ние, во Македонија ова добро го знаеме.

Ги учиме лекциите од непријатните моменти и конфликти кои ја загрозуваа демократијата во минатото. Денес слободно можеме да кажеме дека сите ние, граѓаните на Македонија, заедно успеавме – ја одбранивме демократијата во Македонија. Македонија е слободна.

Слободна и демократска земја значи и демократска поделба на власта.

Република Македонија го одбра концептот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, кои не смеат да се преклопуваат, што е механизам кој мора да се почитува, за да се ограничи државната власт и за да се заштитат човековите права и слободи.

Продолжуваме во остварување на непосредната демократија.

Следуваат локални избори на кои граѓаните директно ќе одлучат кому ќе му ја доверат довербата. Ќе обезбедиме услови за фер и демократски избори, за сите граѓани на нашава земја директно да ја практикуваат најголемата придобивка на демократијата – да одлучат за себе.

Секој глас е важен затоа што политиките кои ќе бидат креирани на локално ниво ги засегаат сите граѓаните од општините на Македонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани на Република Македонија да го искористат своето право на глас на локалните избори на 15 октомври.

Нека ни е честит Светскиот ден на демократијата, да живее демократска Македонија!“, порача премиерот Заев.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=mOuAWp9C4y4[/embedyt]

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Заевлокални избориМакедонија е слободнанепосредна демократијаООНпромоција на мир и стабилностСветски ден на демократијата
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result