• Latest

Заев тврди дека е невин за „Поткуп“ и оти случајот е конструиран

March 6, 2018
Фото: Скриншот од видео на France24

Контрадикторните изјави на Виткоф и Рубио поттикнуваат неизвесност за безбедносните гаранции пред средбата Трамп-Зеленски

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Н1

Тактиките на Вучиќ кон студентите постојано се менуваат, но едно е константно – заплашувањето

August 17, 2025
Фото: Ryanair / Фејсбук

Нискобуџетниот „Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана, инвестиција од 300 милиони долари и повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 17, 2025
Фото: Фејсбук

Словачкиот премиер Роберт Фицо го пофали самитот Путин-Трамп, повторувајќи ја пропагандата на Кремљ

August 17, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Граѓаните од независните листи гневни, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ жалат за пропуштената шанса со Изборниот законик – направиле сé што било до нив

August 17, 2025
Семејствата на заложниците и антивладините демонстранти се собраа кај портата Бегин во Тел Авив, Фото:
DWS News

Демонстрантите во Израел бараат договор за заложниците во еден од најголемите антивладини протести од почетокот на конфликтот во Газа

August 17, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

Последици од самитот во Алјаска: Европа ги отфрла илузиите, цврсто стои зад Украина

August 17, 2025
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев тврди дека е невин за „Поткуп“ и оти случајот е конструиран

March 6, 2018 13:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата. 

– Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе се потврди дека обвинението за поткуп е бесмислено, рече Заев пред судот.

Според него, станува збор за смислена акција преку таен агент и МВР да се постигне целта, а тоа е тој како тогашен лидер на опозицијата да престане со проектот Вистината за Македонија односно т.н., бомби.

Тој очекува дека со прегледувањето на доказите да се потврди дека станува збор за собирање донации за Соборниот храм во Струмица и за негови повици до бизнисмените да донираат за изградба на тој храм, што било прифатено од нив.

Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поктуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.

Претходно, и неговите адвокати истакнаа дека тој не е виновен и оти додека бил градоначалник на Струмица не направил никакво незаконско дејство согласно тогашните закони за откуп на градежно земјиште. Поради тоа, одбраната смета дека немало причина да се прими поткуп. Сведокот не му дал ниту едно евро на Заев и на неговото семејство, ниту пак дал пари за изградба на црквата.

Обвинетиот Заев и неговото семејство, пак,  дале 50 илјади евра за изградба на црквата. Сведокот, според одбраната, бил запознаен за ова и сакал да создаде лажна слика дека Заев бара подарок за себе како услов за да се завршат постапките за откуп на земјиштето. Сведокот бил свесен дека станува збор за донација за црква, а не за поткуп.

Обинителот, пак, го изнесе обвинението и рече дека ќе ја докаже вината на Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ.

Зоран Зоран во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Николов денеска не дојде во судницата, и како што беше речено на рочиштето, немало доказ за уредна достава на поканата.

Судењето треба да продолжи на 19 и на 26 март со прегледување на доказите и ЦД-та.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран Заевконструиранневинпоткупсудење
Share40Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ