• Latest

Заев: Владата има минимум простор за грешка

December 19, 2017
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Владата има минимум простор за грешка

December 19, 2017 13:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата има минимум простор за грешка. Очекувањата на граѓаните се големи, тие јасно порачаа дека сакаат нова пракса и нови политики. Само со суштинско владеење на правото и еднаков пристап на правдата до сите, со бескомпромисна борба против корупцијата, транспарентни институции и отворено носење одлуки, можеме да ја вратиме довербата кај нив“, истакна премиерот Зоран Заев, на денешната конференција „Патот понатаму на Република Македонија“.

Како што рече Заев, граѓаните веќе добро знаат дека тие ги избираат лидерите и дека учествуваат во обликувањето на политиките во општеството. Развиена е политичката култура, владите веќе не го држат монополот на донесување одлуки.

„Довербата и односите со граѓаните, граѓанскиот сектор и бизнисот се од суштинско значење за да се испорачаат ефективни политики, но тоа не ги ослободува владите од одговорност“, потенцира Заев во обраќањето.

Според него, реформите се нужни, но нивното спроведување не е лесно.

„Наспроти големите очекувања на граѓаните, нужни се краткорочни, некогаш непопуларни одлуки кои мора да се донесат, но мора да бидат и јасно, прецизно аргументирани. Такво беше носењето на мерката за повисока минимална плата. Така е или ќе биде и во многу други области, за што е неопходна поддршката од граѓаните“, рече премиерот.

Одредени политичари, дополни, во претходните години избраа политика што дели и разединува, наместо политика што создава доверба. Само Македонија со различности, оцени Заев, ќе биде стабилна и просперитетна.

Осврнувајќи се на вчерашната посета на Брисел, Заев рече дека Македонија блеска во очите на ЕУ што значи голема одговорност.

„Исправени сме пред 2018 година во која по 12 години чекаме датум за почеток на преговорите. Убеден сум дека ако внимателно се однесуваме и посветено работиме, Македонија и тоа како го заслужува местото во меѓународните организации“, потенцира претседателот на Владата.

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, рече дека Македонија не смее да импровизира демократија.

„Нема демократија ако се контролира судството, ако се контролираат медиумите и граѓанскиот сектор, ако вработувањата се по партиски клуч. Ни треба обединета, една Македонија, сон, наместо несоница, чекор напред, а не во празно и назад. Ни треба Македонија исправена кон иднината“, рече Груби, додавајќи дека 11 декември значи втора шанса која мора да се искористи.

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски му порача на премиерот Заев дека е време, како што рече, да се прибере дома зашто може да стекне доверба во странство, но да ја изгуби тука, во земјава.

Ордановски упати и критики до власта, оценувајќи дека посебно се евидентни два клучни проблема. Првиот е на идејно ниво, а вториот е тоа што партијата внатре не е консолидирана.

„Не сум сигурен дека во СДСМ има внатрешен консензус за многу прашања. Типичен пример за тоа се проблемот со аерозагаденоста и реформите во судството. Партијата е изгубена во магла, прави конфузни чекори кои не даваат решенија. Зачуден сум од дезорганизираноста“, истакна Ордановски.

Тој искажа став и во однос на албанските партии. Рече дека се поставуваат кон Владата на политички, но и на математички начин. „Пред да дојдат на власт играат политички, а кога ќе станат дел од власта почнуваат математиката и пазарењето“, нагласи Ордановски.

На конференцијата, панелисти се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и националниот координатор на НАТО Стево Пендаровски. Учествуваат професори, студенти, граѓански активисти и политичари.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Патот понатаму на Република Македонија“Артан ГрубиЗоран ЗаевСашо Ордановски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ