• Latest

Заев: Вртиме грб на лошото време за Скопје!

October 9, 2017

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Вртиме грб на лошото време за Скопје!

October 9, 2017 10:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Расипничкото самоволие, кое го испраќаме во минатото, остави лузни и на градот и на граѓаните. Се сеќавате на она ‘вистината е како шило’. Е, излезе на површина. А, на овие избори имаме уште едно шило. Тоа е вистината за Скопје, тоа е вистината за Никола Груевски, тоа е вистината за Коце Трајановски… Тоа е нашето шило – Шилегов! Новиот градоначалник на Град Скопје. На нашиот главен град“, порача Зоран Заев, лидерот на СДСМ, синоќа на централниот митинг што се одржа на „Илинденска“, пред Владината куќа во Скопје.

„На овие избори одлучуваме за иднината на Македонија“, рече Заев, потенцирајќи го значењето на овој изборен циклус во борбата против „груевизмот“, диктатурата, режимот, корупцијата и криминалот, кои што беа синоними за Владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, до крајот на мај годинава, кога беше формирана и новата Влада од СДСМ и коалицијата.

Според Заев, битката со криминалниот режим сè уште не е завршена. Остатокот на тој режим, „од петни жили се бори и се надева дека, преку градоначалниците што еден човек сака да ги контролира, ќе се одржи во живот“.

„Виде Груевски дека народот не му ја есапи новата ера, па замислете сред кампања измисли некои 13 точки. Без анализа, без стратегија, без размислување. Ни повеќе, ни помалку, 13 точки. Ај, мајката. За да се совпаднат единствено со редниот број на изборите. Господ да чува и да брани. А, од друга страна, тие што се уште го поддржуваат Груевски се плашат бројот 13 да не им бил баксуз. А, бре луѓе, не ви е баксуз бројот! Груевски ви е баксуз! Затоа, ајде да излеземе масовно следната недела, на 15-ти октомври, и да им покажеме дека Македонија ги надмина. Ги надмина и Груевски и неговите кандидати за градоначалници“, повика Заев.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, вети дека од престолнината, со својот тим ќе направи европска метропола.

 

„Наместо барокни згради, ќе правиме паркови. Нема да садиме палми, туку изгубеното зеленило ќе го надоместиме со дрвја што одговараат на ова наше скопско, македонско поднебје. Скопје за четири години, ветувам, ќе стане зелен град, а не како досега, град на стиропор и на необарок. Огревот за домаќинствата е еден од најголемите фактори во загадувањето. Затоа, како градоначалник на Скопје, во 2018 година ќе ја започнам гасификацијата на градот Скопје, токму од населбите коишто не се приклучени на топлификациската мрежа. Водно веќе нема да го соголуваме, туку повторно ќе стане рекреативен центар на граѓаните, а ќе обезбедиме и посебен сообраќаен режим за Водно. Соголените делови ќе ги пошумиме, планината на Скопје ќе стане повторно неговата вистинска зелена оаза, нашите вистински бели дробови“, вети Шилегов.

На овој митинг своите барања ги упати и жителка на Општина Чаир. Таа побара субвенции за сиромашните граѓани, побара да се постават подземни контејнери.

„Барам да се реши загадувањето на воздухот во Чаир. Да се воведе трамвајски сообраќај. Да се исклучат од сообраќај сите застарени градски автобуси“, рече оваа граѓанка.

Граѓанскиот активист Никола Писарев, пак побара подобри еколошки услови за граѓаните од цела Македонија.

„Охрид мора да се спаси од експресни патишта. Гевгелија да добие здрава вода за пиење без арсен. Валандово, Богданци и Дојран не треба да стравуваат дали низ чешмите ке им протече цијанид или вода. Да не ги заборавиме селата, срамота е во 21 век да зборуваме дали некое село има асфалтен пат, улично осветлување, амбуланта… Развојот на селата мора да се базира на потребите на граѓаните и на нивните приоритети, а власта мора да постапува согласно со потребите на граѓаните…“, порача Писарев.

Десетици илјади граѓани од сите страни на Македонија, синоќа допатуваа за митингот во Скопје. Набљудувачи на ЦИВИЛ од Прилеп, Битола, Ресен и Демир Хисар информираа дека само од овие општини за Скопје, вчера попладне тргнале околу 90 автобуси и комбиња.

Блокадите на улиците во центарот на градот, кои што поради митингот траеја неколку часа, предизвикаа бурни реакции кај возачите, затоа што беше обременет со сообраќај другиот дел од градот.

Досега до ЦИВИЛ нема пријави за евентуални притисоци, за задолжително присуство на граѓаните на синоќешниот митинг. Но, според професорката д-р Мирјана Најчевска, треба да се напушти организирањето на митинзи, како дел од изборната кампања.

„Не го разбирам одржувањето на митинзи. Се собираат луѓе кои мислат исто, да слушнат некој кој им го зборува тоа што веќе го мислат. Средби со групи граѓани – да. Поединечни средби – да. Тркалезни маси – да.  Ама митинзи? Да си аплаудираме? Да си се храбриме? Да се пребројуваме?“, порача на својот Фејсбук профил професорката д-р Најчевска.

Моника Талеска

 

 

Tags: граѓаниЗоран ЗаевмитингнабљудувачиНајчевскаПетре ШилеговСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ