• Latest

Завршија протестите за случајот „Монструм“, судир меѓу полицијата и дел од насилните демонстранти, избегнати поголеми инциденти

February 26, 2021
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Завршија протестите за случајот „Монструм“, судир меѓу полицијата и дел од насилните демонстранти, избегнати поголеми инциденти

February 26, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одржаа најавените протести за случајот „Монструм“, со почеток во 13 часот. Иако најавени како мирни протести, сепак, имаше краткотраен судир меѓу демонстрантите и полицијата. Според информациите од МВР, седум полицајци биле повредени, а приведени се неколку лица. Оштетени се и повеќе излози на продавниците на потегот меѓу Бит Пазар и ТЦ Мавровка.

Поворката на демонстрантите во протестот против судските пресуди во случајот „Монструм“ тргна од паркот во Чаир.

МИРЕН ПОЧЕТОК, ПОЛИЦИСКА БЛОКАДА ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ

Во нешто пред 14 часот, во близина на ТЦ Мавровка беше поставен полициски кордон кој ѝ застана на патот на поворката од демонстрантите.

Извори од МВР изјавија дека поворката на протестите за случајот „Монструм“ е запрена кај ТЦ Мавровка од безбедносни причини.

„Поради безбедносни причини, одлучено е масата да биде запрена на таа точка. Доколку претставници на демонстрантите сакаат да се упатат и да пренесат порака до Собранието или Владата, можат слободно да го сторат тоа, но масата од безбедносни причини е запрена на оваа точка“ – изјавија од МВР за ЦИВИЛ МЕДИА.

Еден од организаторите, роднина на еден од осудените, Бедри Хајдари, ја повика полицијата да го ослободи патот на демонстрантите.

„Ве замолуваме да ни го ослободите патот, бидејќи знаеме дека имате банална информација дека во градот има делегации од други држави“ – рече Хајдари пред полицискиот кордон.

ТЕНЗИИ И КОНТАКТ СО ПОЛИЦИЈАТА

Веќе во тој момент се забележа голема нервоза кај дел од демонстрантите, а редарите имаа проблем да го одржат редот и да не дозволат контакт со полицијата.

Додека говореше Бедри Хајдари и бараше од полицијата да им го ослободи патот, неколку лица од учесниците во протестот се приближија до првата линија од полицијата и тогаш се случи првиот контакт. По повикот на Ајдари и интервенцијата на редарите на протестот се формира и кордон од редари меѓу демонстрантите и полицијата и спречија поголем инцидент.

Ситуацијата остана тензична, дел од демонстрантите почнаа да фрлаат камења и предмети кон полицискиот кордон, но до 14:35 часот немаше посериозен контакт со полицијата.

На повик на организаторите, демонстрантите почнаа да се повлекуваат, но еден дел од нив се судри со полицијата. Почнаа да фрлаат со камења и предмети, претходно подготвени, на што полицијата одговори со солзавец, шок бомби и со поддршка на оклопни полициски возила. За кратко време, полицијата почна со истиснување на насилниот дел од масата демонстранти. Репортерите јавија за најмалку едно приведено лице.

„Пресметката“ траеше околу половина час, по што најголем дел од демонстрантите се разотидоа.

КАКО ЗАВРШИ ПРОТЕСТОТ?

Крајот на протестите го означи една невообичаена комуникација меѓу полицијата и двајца претставници на демонстрантите, што личеше на „преговори“ меѓу „судрените“ страни.

Претставниците на демонстрантите се приближија до првата линија на полицискиот кордон и на албански јазик се обратија со повик до полицијата да си замине, по што и тие ќе си заминат. Демонстрантот додаде дека присуството на полицијата провоцира, дека е платена од данокот и на Албанците…

Еден од полицајците кои беа во првите полициски редови, на албански јазик му одговори дека тие се полиција и дека секако ќе си заминат, откако ќе се разотиде толпата насилници.

Тогаш, демонстрантот му се обрати на полицаецот со зборовите: „Ама тие се граѓани“, на што полицаецот, на албански јазик, смирено му одговори: „Видовме што се.“

Двајцата демонстранти тогаш се повлекоа, а набрзо потоа и толпата се разотиде. Протестот заврши пред 16 часот.

ПОВИК ОД ЦИВИЛ

Во пресрет на најавените протести по пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“, ЦИВИЛ упати повик до учесниците да протестираат мирно и достоинствено, да се придржуваат кон протоколите за заштита од Ковид-19, да не подлегнуваат на евентуални провокации и да одбегнуваат секаков вид насилно однесување.

Ништо од тоа не се случи. Дел од демонстрантите ја нападнаа полицијата, а голем дел од нив не се придржуваа кон здравствените мерки за заштита.

ЦИВИЛ ги повика и органите на јавниот ред, во текот на протестите да ја извршат благородната задача на чувари на јавниот ред и мир, да не дозволат евентуални провокации да ескалираат во насилства, од ниту една страна, и да бидат на висина на својата задача најдобро што можат. Според тоа што можеше да се види, полицијата дејствуваше прибрано и рамките на професионалните стандарди во такви случаи.

ЦИВИЛ ги повика и политичарите, медиумите и групите што генерираат онлајн содржини на социјалните мрежи да не шират лажни вести и говор на омраза, а својата потреба за политички профит да ја задоволат во некоја друга прилика. Сепак, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, нотира екстремен говор на омразата на „двете страни“.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ