• Latest

Неприфатените оставки тема на партиски препукувањата, митинзи, ветувања, жалби и поплаки

October 5, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Неприфатените оставки тема на партиски препукувањата, митинзи, ветувања, жалби и поплаки

October 5, 2021 22:45
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Се ситни втората недела од изборната кампања за Локалните избори. Проекти, ветувања, прес конференции, обвинувања, деманти, контраобвинувања, тоа е секојдневието и неизбежниот декор на  кандидатите за градоначалници и за советнички листи, предводени од нивните лидери во освојувањето на гласовите на граѓаните. Трагедијата во тетово повторно искористена во предизборни цели, овој пат поради неприфаќањето на оставките, жалби и поплаки поради неостварени предизборни желби на кандидатите.

ОСТАВКИТЕ И ИЗБОРИТЕ

И неприфаќањето на оставките понудени од министерот за здравство,  Филипче и заменик министерот  Хасани, од страна на премиерот Заев, беше искористено како тема во најновите обвинувања и препукувања на релација опозиција/ позиција, со цел собирање политички поени и некој глас повеќе на локалните избори.

ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ

Кандидатката за градоначалник на град Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска се пожали дека денеска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда каде требаше да имам средба со Синдикатот на пожарникарите на Скопје, на што од Град Скопје реагираа на намерата одредени кандидати да ја злоупотребуваат противпожарната бригада за изборни цели. 

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ/ АЛТЕРНАТИВА

Кандидатот за градоначалник на Алијанса за Албанците/ Алтернатива за општина Тетово, Вулнет Мурсели денеска се сретна со членовите на Здружението на пензионери на Тетово. Тој рече дека тие целиот свој живот и го посветиле на Тетово и колку и да се трудиме за нив, тоа никогаш не може да се поистовети со нивниот придонес.

Лидерот на Алијанса, Зијадин Села, на централната прослава во Арачиново, ги претстави кандидатите на партијата за оваа општина и програмата за локалните избори.

ДОМ и ЛДП

Движењето „Одлучно за промени“, организираше онлајн трибина на тема „ Во какво Скопје сакаш да живееш“ на која учествуваа нивниот кандидат за градоначалник на Град Скопје Бени Шаќири, Никола Пановски, носителот за  советничката листа за Скопје, Теодора Крстева, кандидатка за советничка од та листа, кандидатот за градоначалник на Центар, Антони Новотни, додека модератор на трибината беше претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

СДСМ

Претседателот Зоран Заев беше меѓу граѓаните на Општините Петровец и Илинден, каде што ги претстави кандидатите на СДСМ за овие општини, и вети дека од 1 јануари 2022, државата ќе ги покрива придонесите за првото вработување на секој млад до 29 години.

Вечерва на граѓанска трибина кај паркот во Мичурин,пред присутните граѓани, Заев ги промовираше  носителот на кандидатската листата на советници во општина Аеродром на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски и кандидатот за градоначалник Александар Филиповски кој вети нови градинки, паркови, базени, Младински центар.

На вториот караван во Општина Гази Баба, потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски се обрати на граѓанска трибина во Стајковци, заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот и кандидат за втор мандат на СДСМ и Коалцијата за општина Гази Баба, Борис Георгиевски, кој вечерва пред жителите на Стајковци истакна дека лекцијата од 2016 година е научена за никогаш да не се повтори и најави низа проекти, меѓу кои и поставување на спомен обележје за жртвите од големата поплава.

Лукаревска во Чаир  ја претстави советничката листа предводена од Марија Вељовска Кондовска, и го понуди најдоброто за развој на општината, за подобар живот на секој граѓанин, за поддршка на младите, на жените, на децата. За Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата секој еден е важен, градиме општество еднакво и праведно за сите.

ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Центар на ВМРО-ДПМНЕ го претстави проектот Иновативен парк, кој ќе биде наменет за младите луѓе, претприемачи кои што имаат иновативни и старт – ап компании кои се поврзани со своите креативни идеи на современиот пазар.

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Пехчево, Александар Китански, денеска на средба со жителите на с. Чифлик најави реализација на повеќе проекти.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ пред симпатизерите и членството во Чаир, во отсуство на лидерот на партијата, Христијан Мицоски, вечерва ја претставија носителот на советничката листа за Скопје,Трајко Славевски, кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсова, потпретседателот на партијата Владо Мисајловси, кандидатот на советничката листа за Чаир, Ѓоко Велковски.

Пред центарци, програмата на партијата за локалните избори ја претставија потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски, поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, Трајко Славевски  и коалиционата партнерка Солза Грчева. Пред насобраните се обратија и носителот на советничка листа Игор Лазарев, како и кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Наташа Котлар и кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсова.

ДУИ

Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат, Теута Арифи, порача дека во образованието во Тетово се планира наставниот процес во соновните училишта да се одвива само во една смена, подобрување на инфраструктурата и воведување нови и унапрадување на наставните процеси.

Демократската Унија за Интеграција денеска во Врапчишта, во присуство на лидерот на партијата, Али Ахмети и првиот заменик премиер Артан Груби ги претстави кандидатите за градоначалник и соетничката листа.

ДУИ од Теарце порачаа дека дивите депонии че бидат претворени во паркови. На централниот митинг пред седиштето на општината се претставија кандиатот за градоначалник, Нухи Незири и носителот на советничката листа Бесник Османи.

БЕСА

Движењето Беса ја претстави својата програма на средба со граѓаните на Бутел.

ГРОМ

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави продолжување на проектот „ Фасади за сите згради во општина Карпош“

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

ЗХГ и кандидатката за градоначалник за Град Скопје, Ана Петровска, одржаа прес конференција од населбата Трнодол, на тема „Дивоградби“.

ИЗБОРЕН РАПОРТ НА ЦИВИЛ #9:

Деветти ден и деветто издание на „Изборен рапорт“ на ЦИВИЛ во кое се застапени темите за падот на Фејсбук и реакцијата на шефот на Левица, за четвртиот насилен инцидент во кампањата, политичките злоупотреби на децата, препораките за заштита од КОВИД-19, фингерпринт апаратите и селекцијата на изборните набљудувачи на ЦИВИЛ.

СЕЛЕКЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ

Откако заврши процесот на аплицирање, во тек е селекција на краткорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, кои ќе го набљудуваат гласањето за локалните избори на 17 октомври.

Сите кандидати ќе бидат известени дали нивните апликации се прифатени или не најдоцна до утре, 6 октомври.

Веднаш потоа ќе следат информации за тоа како и каде ќе се одржат обуките.

 

Д.Мишев

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ