• Latest

Збор – два за персоналните асистенти

March 26, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Збор – два за персоналните асистенти

March 26, 2018 14:50
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Го прочитав повикот на Министерството за труд и социјална политика и Стандардите за услугата пресонална асистенција подготвен од страна на ЈУ Завод за социјалните дејности – Скопје и морам да признаам дека сум длабоко разочаран.

пишува: Даниел Тошевски

Се повеќе мислам дека нашите институции спроведуваат програми и донесуваат одлуки без некое подлабоко размислување за да се каже дека ете и тие нешто работат.

Повикот, имено, се однесува на здруженија, но не и на поединци кои не се дел од тие здруженија. Потоа, во повикот МТСП најавува обуки за лицата кои сакаат да бидат асистенти, за да можат да се стекнат со потребниот сертификат.

Она што најмногу ме мачи, што во сиот овој процес, за кој не знаеме ниту дали е бесплатен, повторно се изоставени лицата кои сметам дека се најквалификувани за оваа работа.

Во документот на Заводот стои дека: „Персоналниот асистент е лице на возраст до 18 до 64 години, со минимум завршено средно образование, работно способно и неосудувано лице, кое не е член на семејството на корисникот, ниту лице кое живее во исто домаќинство со него. Доколку во определена општина нема лица со ССС кои сакаат да работат како асистенти, може да се вклучат и лица со завршено основно образование“.

Сметам дека ова е неправда врз оние кои најмногу ја разбираат оваа проблематика, оние кои секојневно се соочуваат со овие проблеми, а тоа се родителите.

Јас сум лице со оштетен вид, исто и мојот брат и не само што знам, туку и сум убеден дека токму родителите се тие кои најмногу можат да придонесат во овој процес. Значителна е бројката на лица кои поради своите најблиски останале без работа, без стаж, без никакви примања. Таков пример е и мојата мајка. Таа 13 години е без работа за да може да не образува нас.

Мојата мајка, но и илјадници други мајки според оваа програма не се погодни ниту квалификувани за оваа работа само затоа што се дел од семејството на оној на кому помошта му е потребна. И тоа не е сè. Овие луѓе на кои упорно заборавате се оние кои можат да обучуваат, да држат семинари, да даваат насоки ако навистина сте заинтересирани за решавање на проблемот, а не само за декларативни програми напишани на хартија.

Почитувани, немојте да мислите дека ако вам ви е дадена можноста да одлучувате, знаете буквално сè! Некогаш треба да не послушате и нас, граѓаните, да се консултирате со нас, затоа што на крајот на денот ние сме тие кои се засегнати.

Затоа ќе ве прашам, кој може повеќе да ни помогне освен најблиските од семејството?

И да не ме разберете погрешно, ја поздравувам вашата иницијатива за обезбедување на лични асистенти, но мислам дека може да биде поинаку. Можете да ја обезбедите иднината на илјадници родители, кои поради судбината на своите деца пред себе имаат само неизвесна иднина.

Упатувам апел до Владата и Министерството за труд и социјална политика, секое лице да има право да избере кој ќе биде неговиот асистент, кој доколку не ги исполнува обврските може да биде променет. Во спротивно, оваа програма, ќе ја сметам за уште една можност за манипулација со вработувањата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МТСПперсонални асистентиподдршкапомошПрограма
Share105Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result