Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ на 12 јуни (во недела) планира да одржи мирен протест против руската воена агресија врз Украина.
Протестот ќе започне во 12 часот кај детското игралиште зад Универзална сала, а во 12:30 ќе продолжи пред Амбасадата на Русија во Скопје.