Денес во 18:00 часот Здружението на Украинците „Лесја Украинка” ќе одржи мирен протест пред руската амбасада, против денешните масовни руски гранатирања на градовите во Украина, известуваат од здружението.
Како што информираат, на протестот ќе има изјава од Претседателот на Здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.
Протестот доаѓа откако денеска одекнаа неколку експлозии во областа Шевченковски во центарот на Кијив, при што има жртви. Експлозии се пријавени и во Житомир, Хмелницки, Днипро, Лвов, Тернопил. Според Суспилне, експлозија имало и во Хмелницки и во Житомир. Експлозија е забележана и во Лавов. Во Днипро беа пријавени неколку експлозии од дојдовни проектили.