Во понеделникот, на 10 октомври, одекнаа неколку експлозии во областа Шевченковски во центарот на Кијив, пренесува Укринформ.
„Неколку експлозии во областа Шевченковски – центарот на главниот град. Сите служби упатуваат на местото на настанот. Деталите ќе бидат информирани подоцна“, објави градоначалникот на Киjiв Виталиј Кличко на Телеграма.
„За жал, има ранети и загинати на неколку места“, изјави Кличко.
Најмалку четири експлозии се слушнаа околу центарот на градот рано утрото. Беше пријавено дека се крева чад од едно место во центарот на градот.
Една ракета падна во близина на зградата на Универзитетот.
Oh my god. https://t.co/UiFKL7DI2w
— Anastasiia Lapatina (@lapatina_) October 10, 2022
Експлозии се пријавени и Житомир, Хмелницки, Днипро, Лвов, Тернопил. Според Суспилне, експлозија имало и во Хмелницки и во Житомир. Експлозија е забележана и во Лавов. Во Днипро беа пријавени неколку експлозии од дојдовни проектили. Локалните телеграм канали известуваат дека на едно место во градот се крева чад.
„Украина е под ракетен оган. Има информации за напади во многу градови во земјата. Цивилите се повредени како резултат на гранатирањето“, изјави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко и ги повика луѓето да останат во засолништата.
Подготви: Д.Мишев