• Latest
Technology in the hands

Зелен поимник: Иновации, зошто се тие важни?

October 18, 2021
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Иновации, зошто се тие важни?

Иновациите ја зголемуваат човековaта продуктивност и фундаментално го менуваат начинот на кој тој живее. Во синергија со образованието, тие претставуваат клучни компоненти во постигнувањето на глобален успех, во областа на одржливата економија и економијата заснована на знаење.

October 18, 2021 21:15
in ЗЕЛЕНИ, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Technology in the hands

Technology in the hands

Share on FacebookShare on Twitter

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Современиот свет во кој живееме подлежи на континуирани промени кои постојано се забрзуваат. Тој свет е креирана општествена стварност,  резултат на човековото  влијание и активност врз неговата животна средина. Глобалната транзиција на индустриската ера, во ера на знаење, побарува низа промени и адаптации во рамките на општествените системи.

Креирањето на нови идеи е карактеристика и нужност на човекот, за градењето на неговата иднина. Неговата творечка способност, неговата имагинација и способноста за изнаоѓање на решенија се речиси неограничени. Кога  идеите и креативните решенија се имплементираат и создаваат некоја нова вредност, тогаш тие стануваат иновации.

Иновацијата е термин што подразбира промена, новина или процес на правење промени. Во економски контекст, поимот иновација значи трансформација на креативна идеја во производ, услуга или процес, со крајна цел комерцијализација. Во поширока смисла, иновациите се организациски, деловни, административни и други видови иновации, кои се развиваат дури и до ниво на промени во самата деловна политика.

Секој поединец, секоја компанија, во било која област, во било која сфера, може да биде иновативен. Понекогаш иновациите се создаваат со преземање и унапредување на веќе постоечката  во поефикасна идеја, концепт, производ, процес, услуга, технологија или бизнис модел. Поголемо значење, секако има создавањето на сосема нови иновации.

Иновацијата е клучен двигател на економскиот пораст. Економијата ги дефинира иновациите како основен фактор за економски раст, развој и успех. Во економијата таа е тесно поврзана со политичките, социјалните и општествените промени во земјата. Компаниите кои не вклучуваат иновации во својот  производствен процес, имаат мали шанси за предност или надмоќ во однос на конкурентите.

Имплементацијата на идеите и откритијата го подобрува животниот стандард, но може да придонесе и за унапредување на стандардите за безбедност, подобра здравствена заштита, производи со подобар квалитет и производи и услуги, кои  придонесуваат за подобрување на животната средина.

Обновливи извори на енергија

Иновациите ја зголемуваат човековaта продуктивност и фундаментално го менуваат начинот на кој тој живее. Во синергија со образованието, тие претставуваат клучни компоненти во постигнувањето на глобален успех, во областа на одржливата економија и економијата заснована на знаење.

Брзото темпо со кое се менува светот носи предизвици, а воведувањето на иновации во компаниите – можности за  искористување на промените. Можностите произлегуваат од менувањето на  потребите и очекувањата на клиентите, менувањето на конкурентите, промената на технологијата, промената на надворешното регулаторно опкружување, како и глобалниот и динамичен пазар.

Иновациите носат можност за намалување на трошоците во производството,  креирање на нови пазари, зголемување на конкурентноста и профитабилноста, генерирање на нови вработувања  и подобрување на позицијата на пазарот.

Од друга страна, воведувањето на иновации поттикнува развој на одржливо општество, кое нуди можност за подобар квалитетет на животот на  граѓаните, и од аспект на зелените вредности во најширока смисла. Секоја компанија, организација, па дури и индивидуално лице, можат да бидат иновативни. Иновативноста сè повеќе станува есенција на егзистенцијата.

објавено на: greencivil.mk

—

Линкови:

http://apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/5PoddrskanainovaciiPDF.pdf

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0

https://oouklimentohridski.edu.mk/Content/files/Inovacii_Kniga.pdf

https://eprints.ugd.edu.mk/17233/7/Inovacii%20trud.pdf

https://www.google.com/search?q=inovacije

https://edabl.org/sta-su-invencije-sta-inovacije/

https://www.odraz.hr/wp-content/uploads/2020/10/drustvene-inovacije.pdf

https://mmpi.gov.hr/UserDocsImages/arhiva/Ekoinovacije_Intermodal_Cappucci.pdf

file:///C:/Users/namin/Downloads/15718-Tekst%20%C4%8Dlanka-55913-1-10-20210322.pdf

https://www.researchgate.net/publication/343789463_Eko-inovacije_za_odrzivi_razvoj

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ