• Latest

Зелениот договор под ризик со порастот на десничарите во Европскиот парламент

June 11, 2024

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зелениот договор под ризик со порастот на десничарите во Европскиот парламент

June 11, 2024 12:32
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувајќи ги финалните резултати од евро парламентарните избори, расте загриженоста кај зелените европски партии. Прелиминарните резултати одат во прилог на екстремно десно ориентираните партии кои, според  Зелените, не се заинтересирани или доволно амбициозни за решавање на климатските промени.

Европскиот Зелен договор, како и ветувањето во 2019 година дека Европа ќе биде првиот неутрален континент со намалување на загадувањето и заштита на природата до 2050 година, е под ризик со свртувањето на Европа крајно десно.

Во прилогот на Гардијан, коментарот е насочен кон одржливоста на зелените теми наспроти изборната кампања на десничарите насочена кон економијата, миграциите и европскиот идентитет.

Политиките кои привлекоа најголем гнев од десницата се оние кои директно ги засегаат гласачите – од постепено укинување на автомобилите со мотори со согорување до ефективно забрана на нови котли на гас – и оние кои ги зголемуваат краткорочните трошоци за земјоделците. Централнодесничарската Европска народна партија, за која се предвидува дека ќе ги зголеми своите места, веќе почна да отстапува од поддршката за некои мерки на Зелениот договор во парламентот во заминување, пишува Гардијан.

„И покрај големото внимание насочено кон придобивките на екстремната десница, огромно мнозинство од Европејците сепак гласаа за партиите во политичкиот центар. Останува на десниот центар, либералите и социјалдемократите [да одлучат] колкава моќ и влијание и дозволуваат на екстремната десница и нивните идеи да имаат за иднината на Европскиот зелен договор. Изборите на овие политички семејства во наредните недели ќе бидат одлучувачки за капацитетот на Европа да дејствува против драматичните влијанија и ризици од климатските промени“, вели Винсент Хуркенс, тинк-тенк организацијата за климатски промени E3G.

Остануваат големи битки околу постојните предлози за климатска политика. ЕУ планира да постави правно обврзувачка цел за емисиите за 2040 година според следната комисија, додека европските министри за животна средина во понеделник ќе гласаат за судбината на предложениот закон за заштита на природата, кој се соочи со огромни реакции од земјоделските лоби.

Матијас Бак, директорот на Agora Energiewende, за развој на политички изводливи и научно засновани стратегии и решенија за трансформација на климатска неутралност во Германија, Европа и на меѓународно ниво, вели дека европските избори ја истакнале важноста на достапната енергија, безбедноста, безбедните работни места и конкурентноста. Тоа, според Бак, значи забрзување на инвестициите во чиста енергија и развивање робусна индустриска стратегија која обезбедува сигурност за компаниите кои инвестираат во климатски неутрална иднина.

„Изминатите пет години цврсто го воспоставија Зелениот договор како стратегија за раст на ЕУ на нејзиниот пат кон климатска неутралност. Главната задача за следните пет години е да се осигураме дека граѓаните и бизнисите целосно ќе имаат корист од транзицијата, вели Бак за Гардијан.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ