Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во свето редовно видео обраќање изјави дека Русија лаже ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
„Очекувано, ситуацијата во Донбас е многу тешка. Окупаторите се обидуваат за најмалку сто дена војна да ги постигнат целите што се надеваа дека ќе ги постигнат во првите денови по 24 февруари. Затоа, тие концентрираа максимална артилерија, максимални резерви во Донбас. Има ракетни напади и авионски напади – сè. Ние ја штитиме нашата земја на начин на кој што дозволуваат нашите сегашни одбранбени ресурси. Правиме се за да ги зголемиме. И ќе ги зголемиме“, вели Зеленски.
„Дoнбас ќе биде украински“, додава Зеленски.