„Во моментов се одвиваат реставрирања низ целата земја. Ќе ги вратиме сите објекти што беа оштетени од денешниот напад на руските терористи. Тоа е само прашање на време.“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
„Од 84 лансирани руски ракети против Украина, 43 беа соборени. Од 24 руски беспилотни летала беа соборени 13. И дури после тоа, на секои 10 минути добивам порака за соборување на иранските „Шахиди“. Затоа, следете ги безбедносните правила и внимавајте на воздушниот аларм. Опасноста сѐ уште е таму. Но, ние се бориме“, порача Зеленски.
Зеленски им се заблагодари на украинските воздухопловни и копнени сили кои беа вклучени во одбраната. Тој ја изрази својата верба во победа над агресорот.
„Благодарен сум на нашите воздухопловни и копнени сили кои беа вклучени денес! Украина не може да се заплаши. Наместо тоа, се обединивме уште повеќе. Украина не може да се запре. Уште повеќе сме убедени дека терористите мора да се неутрализираат. Сега окупаторите веќе не се способни да ни се спротивстават на бојното поле, затоа прибегнуваат кон овој терор. Па, ќе го направиме бојното поле уште поизмачувачко за непријателот. И ќе вратиме сѐ што беше уништено. Верувајте во себе, во Украина, во вооружените сили на Украина и во нашата победа! Слава на Украина!“ – рече украинскиот претседател Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.