Претседателот на Украина, Володимир Зеленски за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен изјави дека Киев не е подготвен да жртвува дел од својата територија за мир со Русија.
Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека овие територии и припаѓаат на Русија. Ова е наша земја, наведе Зеленски.
Зеленски за Си-Ен-Ен зборуваше за оставката на британскиот премиер Борис Џонсон, велејќи дека е уверен дека британската политика кон Украина нема да се смени со промена на раководството.
„Тој поднесе оставка не затоа што беше во Украина. Мислам напротив, она што Џонсон го правеше за Украина ни помогна многу. Го сметам за пријател на Украина, но мислам дека неговото општество ја поддржуваше и Украина во Европа. Тоа е затоа што мислам дека Велика Британија е на страната на доброто, на страната на Украина“, рече Зеленски.