„Украинските сили ослободија повеќе од илјада населени места од окупаторите, а секоја недела се додаваат нови. Сега, на пример, на југот на нашата земја. Сите тие претрпеа уништување од големи размери. А уште тоа значи и потреба од колосални средства за обнова на инфраструктурата, за враќање на медицината и социјалните услуги, за враќање на нормалниот економски живот. Само во ослободените области има десетици илјади уништени куќи“, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски, во своето редовно видео обраќање.
„А, исто така, треба да ги подготвиме училиштата и универзитетите за новата академска година на целата слободна територија на земјата и во нови услови на постојана закана, вклучително и ракетни напади… Веќе мора да се подготвиме за зимата и да направиме се за да јна поминеме оваа зима мирно од енергетски аспект и покрај било какви закани кои Русија ги создава секојдневно.
Значителен дел од економијата е уништена од воените дејствија и руските удари, а илјадници претпријатија не работат. А тоа значи голема потреба за работни места, за обезбедување социјални бенефиции и покрај намалувањето на даночните приходи.
Затоа, обновата на Украина не е само за тоа што треба да се направи подоцна, по нашата победа, туку и за тоа што треба да се прави во овој момент. И тоа мора да го правиме заедно со нашите партнери, со целиот демократски свет. Да го правиме веќе сега“, изјави Зеленски.
„Ситуацијата на линијата на фронтот не претрпе значителни промени во текот на денот. Непријателот продолжува да ги тероризира пограничните региони на Сумската област, градот Харкив и регионите на Донбас. Вооружените Сили на Украина одговараат, вршат притисок и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Треба да ги скршиме. Ова е тешка задача, бара време и натчовечки напори. Но, ние немаме алтернатива – се работи за нашата независност, за нашата иднина, за судбината на целиот украински народ“, додаде тој.