Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на разговор со новинарите изјави дека украинската армија нема да се повлече од Донбас, во спротивно, според него, тоа би го отворило патот за трета војна и идна офанзива врз Запарижјето и Днипропетровската област, како и градот Харкив, според дописникот на Укринформ.
„Нема да го напуштиме Донбас. Не можеме да го направиме тоа. Сите го забораваат првиот дел – нашите територии се нелегално окупирани. За Русите, Донбас е отскочна даска за идна нова офанзива. Ако го напуштиме Донбас по своја волја или под притисок, ќе започнеме трета војна. Зошто? Крим дефинитивно беше отскочна даска за офанзива против југот на нашата земја. Донбас дефинитивно беше отскочна даска за нештедење на украинските граѓани, некористење на нашите, немобилизирање (жалам што го кажувам ова, но така е) и претворање на сепаратистите во руска армија“, нагласи Зеленски.
Според него, во 2014 година, Русите формирале отскочна даска во Крим и Донбас за идна целосна инвазија.
„По целосна инвазија, ако денес го напуштиме Донбас, нашите утврдувања, нашиот терен, височините што ги контролираме, јасно ќе отвориме предмостоен фронт за Русите да ја подготват својата офанзива. За неколку години, Путин ќе има отворен пат до регионите Запарижјето и Днипропетровск. И не само тоа. Исто така и до Харкив“, рече шефот на државата.
Затоа, според него, „никое прашање за територија не може да се одвои од безбедносните гаранции“.
„Инаку, тие сега сакаат да им дадат околу 9.000 квадратни километри, што е околу 30% од регионот Донецк, а ова е отскочна даска за нивната нова агресија“, нагласи претседателот.
Зеленски во разговорот со новинарите сугерираше дека рускиот лидер Владимир Путин веројатно ќе предложи за време на преговорите Украина да ги повлече своите трупи од Донбас во замена за други територии и прекин на огнот.
Д. Мишев