Фестивалот Земјотрес ќе се одржи на 2 февруари со почеток од 19 часот, во Младинскиот културен центар.
Годинава е седмото издание на Земјотрес, фестивал кој полека но сигурно отвора повеќе простор за новите генерации и свежи имиња.
„Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е во мода веќе. Фестивалот Земјотрес е ритуал за јакнење на заедништвото на квалитетната македонска музичка сцена, со желба да покажеме релевантна содржина во време на инстант потрошувачка и вредности вон континуитет. Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, се побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби.“
Секоја година на фестивалот настапуваат различни имиња од домашната алтернативна музика, со најразлични видови на музика.
На овогодинешниот Земјотрес ќе настапат: Anna O., Matej Foltz, Goran Kan, Herzel, Irie Scratch x Gloomie, Mirko Popov, Monoglitch, Reduced to Ashes, Stagnator, Културно Уметнички Работници и многу други.
Влезниците за фестивалот се во претпродажба по цена од 150 денари за првите 500 посетители, потоа ќе бидат 200 денари, кои може да ги набавите на билетарата на МКЦ.
А. Петровска