• Latest
Фото: МИА

Зголемување на капацитетите на полицијата, судовите и обвинителствата за борба против загадувањето на животната средина

June 26, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Зголемување на капацитетите на полицијата, судовите и обвинителствата за борба против загадувањето на животната средина

June 26, 2024 13:17
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Зголемување на капацитетите на постојните судови и јавни обвинителства во делот на судските постапки кои се однесуваат на загадувањето на животната средина, формирање посебна полициска единица „Еко полиција“ во рамките на Министерството внатрешни работи и специјален „зелен суд“ и специјално „зелено јавно обвинителство“ надлежни само за делата против животната средина се дел од препораките на Петтата сесија на Работната група 5 „Животна средина“ (Поглавје 27).

На денешната дискусија на тема „Приближување на националното законодавство кон европските напори за еколошка правда“, Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија препорача нашето казнено законодавство целосно да се усогласи со Директива на Европскиот Парламент и на Советот за заштита на животната средина преку казненото право, применувајќи ја Директивата 2008/99/ЕС, посебно во делот кој се однесува на заканите. Тоа би значело, воведување на нови и соодветно одмерени казни за физичките и правните лица во согласност со гореспоменатата Директива.

Усогласување на Законот за прекршоци со Кривичниот законик, е исто така, една од препораките.

– Министерството за правда да преземе инцијативи за ефективни обуки за јавни обвинители и судии за штетата предизвикана од криминалот во животната средина, профитот што го прават криминалците од него, како и за ефикасно сузбивање на еколошката корупција, стои во една од препораките.

Со цел ефективно спречување на дела против животната средина, како што дополнуваат, е неопходно усвојување на етички кодекс, како и норми за регулирање на конфликтот на интереси и ограничување на дискреционото право при носењето на одлуки од страна на раководните органи во областа на животната средина.

Никола Јовановски од Центар за правни истражувања и анализи, вели дека нивните очекувања се дека препораките ќе се исполнат.

– Сметаме дека е добар чекор и добар тајминг бидејќи имаме нов министер за животна средина и просторно планирање. Ова е позитивен чекор и ние ќе продолжиме со активизмот. Во блиска иднина ќе организираме средби на кои што ќе бидат презентирани овие заклучоци и препораки. Меѓутоа, паралелно ќе мора да работиме и со МВР бидејќи дел од препораките се однесуваат на пополнување на врската што е потребна помеѓу МВР и Обвинителството, вели тој.

Земја која што ги има овие институции е Словачка, а пред денешната сесија Советникот на претседателот на Република Словачка за животна средина, Норберт Курила, изјави дека процесот е долг, но се забележува прогрес.

– Имаме неколку институции кои што се грижат за овие проблеми, особено во министерствата за внатрешни работи, правда, животна средина, Словачкиот инспекторат. Тоа се процеси кои водат до поефективни резултати. На пример, во 3000 случаи што се пријавени во полицијата, околу 60 проценти од нив се решени, ова е добар сигнал дека системот може да работи. Но, исто така, и во Словачка има простор за подобрување, вели тој.

Курила информираше дека имаат посебна полициска единица со околу 200 специјализирани полицајци кои што се справуваат со еколошкиот криминал. Тој нагласи дека правилата ги освестиле луѓето во Словачка, да внимаваат на овие прекршоци, но, исто така и превенцијата.

– Кога еднаш ќе ги поставите правилата, следуваат казни, но и превенција, која е многу важна. Ова е долг процес, тешко е да се реши ситуацијата за само неколку години, Но, гледам подобрување, особено во свеста дека луѓето знаат каде да се јават и кому да пријават. Исто така и властите и институциите се многу свесни затоа многу од случаите се решаваат, дополни тој.

Извор: МИА

Tags: животна срединаПоглавје 27
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ