• Latest

Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“

March 8, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Жените во Македонија не сe еднакви сѐ додека не се расчисти „Јавна Соба“

March 8, 2021 13:44
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува ЕЛЕНА ГАГОВСКА

Разочарувачки е што овие недели воопшто треба да се дебатира дали смее или не смее една жена да се слика гола и што многу луѓе попрво би ги обвиниле жените што имаат испратено експлицитни фотографии наместо да го научат концептот на согласност. Достоинството на жените чии слики завршиле во „Јавна Соба“ се загрозува, нивниот статус на жртви на родово базирано насилство е наводно поларизирачка тема и слични прашања се дебатираат во медиумите и на социјалните мрежи, додека насилниците формираат нови групи, шират уште слики, а жртвите остануваат без никаква заштита. Затоа, меѓудругото, на 8ми март ќе излеземе на протест.

Во описот од настанот стои една важна реченица: „Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува.“ На протестот пред неколку недели, стотици од нас ја изговараа оваа фраза и крајно време е надлежните инстутуции сериозно да го сфатат значењето на овие зборови. Со оваа фраза феминистките посочуваат кон соучеството на државните органи во родовото базираното и сексуалното насилство против жените. Кога полицијата, Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) и Министерството за Внатрешни Работи (МВР) не преземаат ништо во врска со насилството кое им се случува на девојките и жените, овие институции испраќаат порака кон насилниците дека тоа што тие го прават или не е баш вистинско насилство или едноставно дека болката на жртвите не е доволно важна.

Се разбира „Јавна Соба“ не е единствениот случај на неразрешено родово базирано или сексуално насилство. За жал, бројот на жени жртви на овие видови насилство е огромен иако многу малку од нас ги пријавуваат своите искуства. Јас само еднаш во животот имам пријавено сексуално насилство/вознемирување и тоа беше во основно училиште. Повеќе момчиња од нашето одделение почнаа сексуално да ги вознемируваат голем дел од девојчињата, вклучително и мене. Момчињата нè допираа за градите или за задникот без наша дозвола. Не би можела да најбројам колку пати јас бев сексуално вознемирувана во тој период, бидејќи беше навистина често. Не се сеќавам кога точно ѝ кажав на мојата класна наставничка за тоа што се случуваше или кој инцидент ја прели чашата, но се сеќавам како класната колективно им се дереше на момчињата пред целото одделение во училницата по македонски јазик.

„Како не ви е срам така да се однесувате!“ викаше нашата класна. Се сеќавам дека беше вистински лута, но освен нејзиното дерење и јавно срамење, овие момчиња не искусија никакви други последици. Наставничката не започна било каква процедура со која тие би добиле дисциплиски мерки. Во конкретниот случај, имаше барем 5-6 жртви ако не и повеќе, но на администрацијата на нашето училиште очигледно тоа не ѝ беше важно. Во најмала рака требаше момчињата да ги пратат кај психологот или педагогот (и двете беа жени во моето училиште ама изгледа ни тоа не помогна), иако според мене и построги дисциплински мерки би биле соодветни во волку сериозна ситуација. Мислам дека тогаш научив дека нема поента да се пријавува сексуално насилство или вознемирување, бидејќи дури и кога ми веруваа надлежните (односно мојата класна), сепак ништо не се превзема. Секако, сексуалното вознемирување продолжи.

Училиште што не постапува е училиште што силува. Исто и со полицијата, ОЈО и МВР.

Ужасно е и кога институциите не постапуваат по индивидуални случаи на родово базирано и сексуално насилство, но апсолутно е апсурдно и скандалозно што државата практично нема постапено по случајот „Јавна Соба“. Приведувањето на само четири лица во врска со случај од вакви размери ќе беше смешно да не беше тотално понижувачко и обесхрабрувачко за жртвите. Голем број жени и девојки се жртви на насилниците од „Јавна Соба“ додека институциите спијат или пак креираат ситуации на двојна виктимизација.

Ако на државата не ѝ е гајле за толку голем број на жртви, тогаш како ние би можеле да очекуваме институциите да ни помогнат во индивидуални случаии на родово базирано насилство? Како што пишува Калиа Димитрова, дури при пријавување и барање заштита, полицајци може ви даваат совети за тоа како треба да се облекувате за да не ве силуваат, може едноставно да одбијат да се мешаат во „љубовни кавги“ или пак полицајците што треба да ви помогнат да решат комплетно да се мешаат во вашата „љубовна кавга“ па да пробаат да ве смират со вашиот насилен партнер.

Решавањето на „Јавна Соба“ нема да го реши системското игнорирање, непостапување и двојна виктимизација од страна на полициските органи и другите инстутиции во Македонија, но би бил добродојден (и многу задоцнет) почеток. Но, доколку овој скандалозен случај не се реши наскоро, тогаш државата праќа една страшна порака кон жените: вие сте граѓанки од втор ред и не очекувајте тоа да се промени во скоро време.

Е токму затоа ќе протестираме на 8 март. Се надевам дека ќе ни се придружите во 15 часот пред МВР.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ