Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук најави дека во Собранието ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за како што вели, нерасчистение убиства, „црниот Вотергејт на Заев“, односно прислушувањето на обвинителството и судството.
Иванов даде амин за Законот за амнестија
Законот за амнестија е објавен во Службен весник на Р.Македонија, којшто веќе го потпишал претседателот Ѓорѓе Иванов. Од денеска тече рокот од пет дена за обвинетите во предметот за 27 април во Собранието од минатата година, во кој тие може да поднесуваат барање за амнестија.
Мицкоски започна предвремена изборна кампања
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога дојде на лидерската позиција најави „жешко лето“, но изгледа започнал со предвремената кампања на „ладна зима“!
„Борбата штотуку почна браќа и сестри. И нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Затоа мора сите заедно мотивирани и сложни да бидеме. И да истраеме, и овие декемвриски и јануарски, и февруарски месеци и март ќе дојде, а во април доаѓа големата победа која што ќе најави предвремени парламентарни избори“, истакна Мицкоски, на вчерашниот протест (митинг) во Скопје.
ЦИВИЛ апелира – Прославете безбедно!
Во пресрет на новогодишните и божикните празници, ЦИВИЛ упати апел до сите граѓанки и граѓани во земјата: Прославете безбедно! Во пресрет на празничните денови, ЦИВИЛ – Центар за слобода потсетува дека славеничкото пукање е забрането со закон и е крајно опасно по животот. Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата. Без оглед на тоа колку мислите дека го владеете оружјето, имајте на ум дека и најголемите професионалци грешат. Еден од слоганите на ЦИВИЛ во изминатите години е: Не се одушевувајте од „експертите за оружје“ – ќе ги надживеете!
Твитер награди: „Од заедницата – за заедницата“
Твитер заедницата традиционално веќе седум години спроведува уште една иницјатива, која освен што има натпреварувачки има и хуманитарен карактер. Твитер наградите ќе се доделат на 22 декември, сабота, Кино Милениум, со почеток во 20:30 часот. Мотото останува исто „Од заедницата, за заедницата“, како и претходните шест години.
Д. Муратов