• Latest

Жесток сајбер напад на медиумската платформа на Цивил: Нѐ напаѓаат сајбер криминалци, овчари и зомби, заразени со малициозност

January 15, 2023

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Жесток сајбер напад на медиумската платформа на Цивил: Нѐ напаѓаат сајбер криминалци, овчари и зомби, заразени со малициозност

January 15, 2023 14:58
in ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Медиумската платформа на Цивил е честа мета на сајбер напади. Утрото на 15 јануари (недела) започна масивен ботнет (botnet) сајбер напад на медиумската платформа на Цивил. Најверојатно се работи за SYN flood attack, што е тип на ДДоС напад (DDoS – Distributed Denial of Service) преку кој напаѓачите се обидуваат да ја срушат нашата медиумска платформа.

Сајбер нападите со кои ние се соочуваме, најчесто се изведуваат во текот на викендот или во празнични денови, но неретко и во текот на работната недела. Најновиот напад се за одбележување поради обемот, жестината и долготрајноста. Се работи за еден од најголемите и најскапите сајбер напади врз медиумската платформа на Цивил во последните неколку месеци.

Со безбедноста на медиумската платформа на Цивил се занимаваат врвни професионалци во областа на сајбер безбедноста. Тие се деноноќно на првата линија на сајбер одбраната на Цивил. Без нивната стручност, посветеност и будност, нашите читателки и читатели би биле далеку од можноста да ги следат содржините во продукција на Редакцијата и Автор(к)ите кои соработуваат со Цивил.

Читателките и читателите можат да препознаат кога ЦивилМедиа е под напад кога, пристапот до одредена содржина е побавен од обично или минуваат низ автоматизирана сајбер проверка. Таа постапка трае една до две секунди, по што тие можат сосема безбедно да ги проследат нашите медиумски прилози.

Збор-два за нападите. Како што споменав, во последно време, нашите онлајн канали се мета на ботнет напади. Ботнет напади (botnet attacks) е секој напад што користи ботнет – група на ботови и уреди поврзани заедно за извршување на истата задача – за дистрибуција и скалирање. Нападите на ботнет се користат од сајбер-криминалци за да извршат интензивно преземање на податоци (scraping), DDoS и други сериозни сајбер напади.

Инаку, термините бот и ботнет имаат различно значење. Бот (познат и како интернет бот, веб робот итн.) е софтверска програма, додека ботнет е група на уреди преку кои се извршува одреден тип на сајбер криминал.

Терминот ботнет е, всушност, кратенка за „мрежа на роботи“, што се однесува на група роботски уреди (компјутери, мобилни телефони, IoT уреди) кои се под контрола на напаѓачот. Вообичаено, уредите во мрежата од роботски уреди, ботнет, се заразени со малициозен софтвер, а напаѓачот што го контролира ботнетот се нарекува „бот овчар“.

Уредите, пак, што се под контрола „бот овчарот“ се нарекуваат „зомби уреди“.

Ова дотука е повеќе или помалку, вокабулар на информатичарите и експертите за сајбер технологии.

Преведено на секојдневен јазик, можеме да констатираме: Нѐ напаѓаат криминалци, овчари и зомби, заразени со малициозност. Мора нешто многу добро да правиме штом толку многу пари трошат за да извршат такви жестоки напади против тоа што го мислиме, зборуваме и објавуваме. Злосторниците нѐ сметаат за опасни, па затоа и вложуваат толку напори и пари за да ни застанат на патот.

Им благодарам за комплиментот.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: DDoSботботнетзомбисајбер криминалцисајбер напади
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ