Жестока дебата меѓу професорот Бобан Карапејовски и новинарот и аналитичар Зоран Иванов во однос на дипломатската нота од страна на Северна Македонија за унилатералната изјава од Бугарија за македонскиот јазик, на панел дискусија на тема „Меѓу национализмот и ЕУ“ (на 28 јули 2022), посветена на говорот на омраза и националистичките наративи во политичкиот живот и на социјалните мрежи во Северна Македонија во контекст на отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.
„Никој не може да го оспори македонскиот јазик со тоа што ќе рече „не постои“, тоа е неспорно, проблемот е кога македонските институции, ми се чини дека невешто влегуваат во таа одбрана. Ако сакаат да нè бранат, работава е „аман не ме брани со оваа изјава“, ова не е баш добра одбрана, ако им е тоа поентата, вели Карапејовски.
„Вие научниците треба да помогнете за во процесот до ЕУ, а вие со прогласот одмогнавте. Ја уценувате државата, ја политизирате вашиот проглас и во првата реченица велите – државата веднаш да ја повлече. И наредувате… Полека малку…“, вели Иванов.