• Latest

Жежок политички викенд

February 4, 2019
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жежок политички викенд

February 4, 2019 07:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Викенд во Македонија, 2-3 февруари 2019

Нова епизода со Груевски на ТВ Сител

Груевски даде интервју за својата омилена телевизија Сител, настан што веројатно беше најкоментиран во текот на викендот. СДСМ му порача дека ќе се врати, но в затвор.

„Апсолутно имам намера еден ден да се вратам во Македонија. Тука сум да се засолнам од политичкиот прогон, откако увидов дека сите апсурди се надминати и дека властите имаат намера да одат до крај. Јас во Македонија бев осуден за работи за кои, во земји членки на ЕУ, судски случаи воопшто не би биле покренати“ – рече тој во краткото интервју за Сител.

Се јави и обвинителството, ветувајќи дека, конечно, ќе излезе со резултатите од истрагата за бегството на осудениот екс-премиер.

Интервјуто со Груевски го коментираа повеќе колумнисти и аналитичари. На таа тема за ЦИВИЛ МЕДИА пишуваат Џабир Дерала и Сашо Орданоски.

Амди Кока Кола Бајрам ќе се трка за претседател на Македонија

Претседателските избори нема да бидат лишени од хумор и сатира, а во тоа многу ќе помогне најновиот претседателски кандидат, Амди Бајрам. Тој не испушти уште еднаш да се спореди себеси со Кока Кола, за што компанијата веројатно ќе мора да преземе и правни чекори за заштита на имиџот на еден од најпопуларните пијалоци во светот.

Бачев контра Македонија

Политичкиот циркусант Јанко Бачев објави дека ќе побара од Унгарија и Турција да не го потпишуваат Протоколот за прием на Македонија во НАТО. Нема што да се додаде на оваа вест.

Бришење долгови за струја и реакции

Владата изрази волја да избрише долгови на граѓаните за сметките за струја во износ од 110 милиони евра. Сѐ што е неплатено по овој основ до 2006 година, во договор со ЕВН и ЕЛЕМ ќе се брише како долг на име на граѓаните. Ова го соопшти премиерот Заев, велејќи дека 220.000 граѓани заглавиле во долгови кон овие компании.

Јавноста остро го нападна овој план во кој препозна двојни аршини и популизам…

Премиерот: „Ќе нѐ биде“

„Изминатава година ја завршивме со 5,6% покачување на просечната плата. Тргна работата. Многу скоро ќе станеме дел од НАТО – безбедна држава, со стабилизирана економија. Овие факти, како и посветената економска политика, за година и пол донесе 17 нови странски инвестиции, кои во финалната фаза ќе вработуваат повеќе од 4.000 луѓе. Ќе нѐ биде!“ – напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Јавни интервјуа за членови на Антикорупциска

Започнаа јавните интервјуа со 57-те кандидати за членови и претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. По десетмесечна пауза, по скандалите и оставките на претходното раководство, кога функционираше само Секретаријатот на ДКСК, се прават забрзани подготовки оваа државна институција конечно да профункционира во целосен состав.

ЦИВИЛ посвети големо внимание на анализи и препораки за изгледот и функционирањето на новата ДКСК, а ја организираше и конференцијата „За општество ослободено од корупцијата“ во декември 2018, кога беше издадена и публикацијата „Антикорупција“.

Мицкоски сѐ уште се фали дека е подготвен да биде премиер

Во меѓувреме, продолжуваат безброј повторените закани на Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ) за тоа што ќе направел кога ќе „победат на предвремени парламентарни избори“. Тој, во интервју за Радио Слободна Европа, уште еднаш се пофали дека е подготвен да биде премиер. За нијанса ја смирува својата реторитка против Преспанскиот договор, но кажа дека ќе сторел сѐ што е во негова моќ да ги смени процесите.

„Инсистираме на предвремени парламентарни избори, бидејќи Зоран Заев сака да ги украде претседателските избори. Доказ за тоа е што не се процесирани нашите забелешките за нерегуларностите за време на референдумот“ – изјави Мицкоски за РСЕ.

***

Земја што има ваков викенд, не мора да се грижи за забавата во текот на работната недела.

Џ. Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Share94Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ