• Latest

Жителите на Баир, Битола: Политичарите на овие избори нема да нè излажат со водата!

March 21, 2019
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жителите на Баир, Битола: Политичарите на овие избори нема да нè излажат со водата!

March 21, 2019 08:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Зимно време струја немаме, летно време вода немаме. Секогаш пред избори политичарите доаѓаат и нè лажат, откако ќе поминат изборите никаде ги нема“, ѝ вели еден жител на битолски Баир на граѓанската новинарка, која отиде да види дали по пет месеци е нешто сменето по објавата на ЦИВИЛ, дека во битолски Баир луѓето со децении живеат без капка вода.

Друга жителка на оваа сиромашна населба додава дека градоначалничката на oпштина Битола, Наташа Петровска, им ветила дека ќе го среди проблемот со струјата и водата.

„Наташа ни вети дека ќе ни се исполни желбата да имаме вода. Но, сега уште малку ќе дојдат избори и сакам да ѝ порачам на Наташа да нè има во предвид и да го реши проблемот, инаку воопшто да не праќа луѓе да нè убедуваат да гласаме, оти, како ќе дојдат, така и ќе си заминат. Во Баир никој нема да гласа“, вели таа.

„Пред избори доаѓаат и нè лажат дека, ако гласаме, ќе го средат проблемот со водата и ни даваат по 500 денари да гласаме. Зошто да го дадам мојот глас за 500 денари?“, вели еден жител на Баир, кој сака да остане анонимен.

Жителите велат дека неколку пати го блокираа патот за државата и општината да ги слушнат и нивните проблеми.

„Во училиште децата ги пуштаме да одат со вошки, бидејќи немаме вода да ги избањаме“, вели една изреволтирана мајка.

Пред пет месеци, на 6 неомври 2018 година, дел од тимот на ЦИВИЛ, заедно со тим од граѓански новинари, ја посети населбата Баир и оствари средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорот на ЈКП Водовод, Горан Козаров кои истакнаа дека знаат за тој проблем и се трудат да го решат.

Меѓутоа, и по пет месеци откако ЦИВИЛ објави за проблемите со кои се соочуваат баирчан(к)и, нема никаква реакција од локалните и централните власти.

Дали навистина Ромите во Баир се бројат и гледаат само како гласачка машинерија?!

Обработка на текст: Дехран Муратов
Камера и фотографија: Јована Здравевска (граѓанска новинарка)
Монтажа: Биљана Јордановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share74TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ