• Latest

Жителите на Штука и денеска со блокади за археолизите кај Иловица

June 18, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Жителите на Штука и денеска со блокади за археолизите кај Иловица

June 18, 2019 10:26
in ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе една недела се одвиваат археолошки ископувања на просторот опфатен со концесијата за изградба на рудник за бакар Иловица – Штука. Револтирани жителите на Штука вчера го блокираа приодот кон локацијата при што им бил блокиран пристапот на археолозите  на Заводот за заштита на споменици и Археолошкиот музеј од Струмица и на работниците ангажирани од страна на „Еуромакс Рисорсис“, кој е концесионер на рудникот, јавува МЕТА.

„Продолжуваме и утре и ќе бидеме таму колку и да е потребно, се додека не се прогласи мораториум на отпочнатите активности и се дури не се одземе истечената концесија на инвеститорот“, изјавила Милена Зафирова, активистка на „Младите на Штука и Иловица против рудникот“.

Активистите ќе се обратат и до Владата и до Министерството за култура за да добијат одговор како се издадени дозволите за археолошки ископувања на струмичкиот Музеј, комплетно финансирани од страна на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, чијашто концесија веќе е истечена и кој нема добиено од Владата дозвола за експлоатација на рудата. Тие најавуваат дека ќе бараат случајот да го истражи и Антикорупциската комисија.

„Еуромакс Рисорсис“ претходно најави дека ќе ги финансира активностите на Археолошкиот музеј од Струмица на теренот кој е опфатен со концесијата на рудникот со 100 илјади евра, а најави дека ќе финансира и други активности на Музејот.

Локалното население не беше информирано ниту од страна на концесионерот, ниту пак од локалните или од централната власт за намерите на ридовите над нивните села да се вршат археолошки истражувања, па тоа создаде стравувања дека „Еуромакс Рисорсис“ сепак почнува да го гради рудникот.

Стравувањата кај локалното население дека не се работи за археологија туку дека им се подготвува отворање на рудникот зад грб ги подгреало и тоа што денес на терен била донесена и тешка механизација – багер.

Тие побарале одговор од Владата што ќе преземе за разрешување на проблемот со рудникот Иловица-Штука кој веќе подолго време ги зоврива тензиите меѓу жителите во струмичкиот крај, но тој не пристигнаа до објавувањето на текстот.

Од компанијата тврдат и дека се сретнале со „претставници на заедницата и дека ја објасниле програмата за работа, како и дека Музејот ги спроведува работите со дозвола од надлежните институции.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ