• Latest

„Живот во кутија“, сведоштво за хоророт на Кежаровски

November 16, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Живот во кутија“, сведоштво за хоророт на Кежаровски

November 16, 2017 11:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во амфитеатарот на универзитетот ФОН, во 18 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Живот во кутија“ на новинарот Томислав Кежаровски, провокативно, трогателно, но пред сè, искрено сведоштво за речиси двете години, поминати зад решетки и во куќен притвор и за причините и последиците на хоророт што го преживуваа тој и неговото семејство…  

Промотори на книгата ќе бидат професорот и дипломат, Нано Ружин, професорката и драмска авторка, Маја Стефановиќ и новинарот Синиша Станковиќ.

Случајот „Кежаровски“ беше еден од лостовите преку кои се уриваше недемократската власт на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Обвинет и осуден на 4,5 години затвор, за наводно обелоденување на идентитет на заштитен сведок, кој самиот на суд призна дека дал лажен исказ под притисок на полицијата, новинарот Кежаровски помина седум месеци во притвор во „Шутка“ и 15 месеци во куќен притвор.

Под притисок на дел од домашната јавност и на меѓународните организации кои се борат за човекови права и за слобода на јавното изразување, Кежаровски кој беше можеби медиумски најекспонираната жртва, меѓу стотиците страдалници од безумието кое цела деценија ја туркаше Македонија кон бездната, излезе од затвор, означувајќи го симболично – почетокот на крајот на режимот.

Аворт на цртежот на насловната страница и на идејното решение на корицата е Игор Стевковски – Стевац, а на фотографиите во книгата, фоторепортерите Наке Батев, Томислав Георгиев и Маја Златевска.

М.И.


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: „Живот во кутија“книгапромоцијаТомислав Кежаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ