Саудиска Арабија од наредната година за прв пат ќе им дозволи на жените да посетуваат спортски настани на стадионите. Жените ќе можат да влегуваат во стадионите во три поголеми градови, во Ријад, Џеда и Дамам.
Саудиската влада вели дека ова е уште еден потег кој ќе им даде поголема слобода на жените во државата, кои се соочуваат со строги правила за родова сегрегација. Одлуката доаѓа после историското укинување на забраната за возење.
Спортските власти на Саудиска Арабија велат дека подготовките ќе започнат во трите стадиони за да можат „да сместат цели семејства од почетокот на 2018 година“.
Како дел од промените во стадионите ќе бидат поставени и ресторани, кафулиња и екрани. Досега, во ваквите објекти смееја да пристапат само мажите.
Реформите се дел од широкиот план на промени најавени од 32-годишниот принц Мухамед, кој сака да донесе социјална и економска промени во кралството кое е богато поради природните ресурси на нафта.
Минатиот месец, кралски декрет им овозможи на жените да смеат да возат од јуни, следната година. Повторно се одржуваат концерти, а се очекува и да се отворат повторно кино салите.