-Мислам дека претседателот Пендаровски го знае ставот на претседателот на собранието, и јавно се произнесе дека инсистирал да се свика седницата.Така што, тој не се изложува на таков потег да бара свикување на Собранието и да го тестира расположението и спремноста на спикерот и затоа тоа им го отстапува на дел од пратениците од владејачкото мнозинство. Мислам дека предлагање за свикување на седница со овие точки на дневен ред не е паметно, без обезбедено мнозинство, изјави политичкиот аналитичар -поранешен пратеник и министер, Насер Зибери вечерва во емисијата Вин -вин.
„Во услови на вонредна состојба, надлежностите на Собранието се во рацете на извршната власт, односно Владата и претседателот. Опозицијата треба да е загрижена како функционира Владата во овој период и како ги користи инструментите, дадени за ваква ситуација, односно да се бара поголема одговорност“, рече Зибери.