• Latest

ЦИВИЛ: Да живее 9 Мај!

May 9, 2017

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Да живее 9 Мај!

May 9, 2017 13:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод обележувањето на две години од крвавиот 9 мај, во населбата Диво насеље во Куманово, ЦИВИЛ – Центар за слобода повторно ги повика институциите и политичките субјекти од земјата на одговорност и транспарентно и објективно расчистување на случајот.

ЦИВИЛ  повторно изрази сочувство и поддршка за семејствата на загинатите полицајци и за сите засегнати и погодени од оваа трагедија.

„По повод овој трагичен настан, ЦИВИЛ истакнува дека живееме во една иронична ситуација. Една од придобивките од авторитарното владеење на Груевски е тоа што ги одржа граѓанките и граѓаните од сите заедници во Република Македонија заедно, сплотени во стремежот кон слобода, правда и демократија. Револтот и стремежот кон демократија е она што ги спои сите заедници“, се вели во соопштението.

ЦИВИЛ констатира дека наспроти континуираната систематска операција да се внесе раздор и етнички тензии и на тој начин да се владее со страв, закани и насилство, гледаме едно созревање на граѓанството во Република Македонија. Македонското општество созреа, како на политички, така и на општествен план, разви политичка култура која му даде нов квалитет на живеењето во земјата, сметаат во ЦИВИЛ.

„Ниту политичките партии, ниту институциите кои се подолго време заробени од до скоро владејачките партии, не придонесоа за политичката зрелост на граѓанките и граѓаните на Република Македонија. Токму граѓанките и граѓаните се носителите на стабилизирањето на меѓуетничките односи. Тие се хероините и хероите на враќањето на слободата и демократијата во земјата“, се вели во соопштението.

„Патот кон слободна и демократска Македонија е долг и трнлив, и бара многу напори и жртвувања, но тоа неминовно ќе се случи. Слободоумните и продемократски сили, политички свесните граѓанки и граѓани на Македонија, го најдоа својот пат од кој нема откажување.

На овој ден го победивме фашизмот во 1945 година. Ќе го победиме и овој денешниов! Среќен 9 Мај!“

Tags: 9 МајДиво Насељеодговорностподдршкаполитичката зрелострасчистувањесочувствофашизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ