• Latest

ЦИВИЛ ги додели наградите од четвртиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“

June 13, 2016
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ ги додели наградите од четвртиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“

June 13, 2016 13:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги додели наградите од четвртиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“, во саботата, по завршувањето на обуката на граѓанските новинари во состав на проектот „Граѓански објектив“. 

Материјалите, кои учесниците ги направија за време на теренските активности, како практичен дел од обуката, исто така, влегоа во конкуренција на наградени, за што одлучуваше тричлената комисија од тимот на ЦИВИЛ.

Според одлуката на комисијата, беа доделени две четврти награди: за фото-веста на граѓанскиот новинар, Сотир Габелоски од Крушево, „Користење на службени возила за партиски цели“ и на тетовчанката Хазизе Јонузи, за видео-веста „Ниту нивните гревови не ги даваат…“ , приказна за манипулациите со неисполнетите ветувања и со партиските притисоци врз ромските гласачи.

IMG_0140
Четврто место „Користење на службени возила за партиски цели“

Третонаградена беше Елена Илиевска од Битола за видео материјалот „Неовластено снимање во Битола“ , приказна за лицето вработено во СВР, кое неовластено снима на протестот на Шарената револуција, организиран на 6-ти јуни во Битола.

IMG_0204
Трето место „Неовластено снимање во Битола“

Второ место комисијата го додели на граѓанскиот новинар Даниел Аврамов за веста и фотографиите за приказната „Граѓаните од Тафталиџе го бранат паркот од општинските власти“.

IMG_0221
Второ место „Граѓаните од Тафталиџе го бранат паркот од општинските власти“

„Приведен возачот на комбето на Шарената револуција“ е првонагрдената видео-вест на граѓанската набљудувачка Наталија Попоска, која веднаш ги испрати фотографиите и првичните информации за приведувањето до тимот на ЦИВИЛ, а нашиот набљудувач на терен ја потврди. Со брзата реакција на грѓанската новинарка, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа имаше можност прва да ја алармира јавноста за приведувањето на возачот и совозачот на комбето на Шарената револуција, под силно полициско обезбедување, непосредно по завршувањето на протестот под мотото „Хорхе ти си срам за Македонија“, одржан на 30 мај.

Комисијата на ЦИВИЛ реши материјалите „од терен“ на учесниците на обуката, да влезат во конкуренција за последниот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“. Својата одлука членовите на комисијата ја образложија со потребата за доработка на видео материјалот и приказните кои граѓанските ноивнари ги направија на скопските улици за само час и половина.

Наградите беа доделени во рамки на  проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, финансиран од National Endowment for Democracy.

Tags: граѓански новинарГраѓански објективнаградиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ