Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска во седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе се сретне со Антун Херцег, задолжен за Македонија во Одделот за Западен Балкан и еден од членовите на тимот на еврокомесарот Јоханес Хан.
Во оваа прилика, претставникот на ЦИВИЛ ќе му го врачи на претставникот на Европската комисија извештајот од изборниот мониторинг и документ со главните наоди и препораки за итни мерки за надминување на кризата, одговорност за изборните нерегуларности и обезбедување услови за слободни избори во Македонија.
Содржината на документот ќе биде обелоденета во хотелот „Парк Резиденс“ (зад Градскиот стадион) во рамките на церемонијата за доделување награди за граѓанско новинарство, со почеток во 12:30 часот.