• Latest

ЦИВИЛ: Одговорност за кршењето на законите и крај за национализмот и политичкото профитерство

January 13, 2017

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Одговорност за кршењето на законите и крај за национализмот и политичкото профитерство

January 13, 2017 13:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ИЗЈАВА ЗА ЈАВНОСТА, петок, 13 јануари 2016, 13 часот.

ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ; ДИК Нема да престанеме да бараме расчистување на сите дилеми околу измамничките практики во изборните процеси, вклучувајќи ги и последните, предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година.

ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со голем број наоди за сериозни проблеми во текот на целиот изборен процес. Наидовме на потполно согласување и огромна поддршка и доверба од граѓанките и граѓаните на Република Македонија. Но, нашите извештаи, анализи и препораки, поткрепени со аргументи и докази, не наидоа на одѕив кај институциите.

Државната изборна комисија остана глува на нашите укажувања и повици да се деполитизира и сериозно да работи на сите аспекти на изборниот процес, а особено на Избирачкиот список и на своите тела, како што се општинските изборни комисии (ОИК) и избирачките одбори (ИО). Токму тие се вбројуваат меѓу најсериозните проблеми на денот на гласањето на 11 декември, а безмалку сите нерегуларности, на мала сцена, се нотираат и при прегласувањето во Теарце, кое може да послужи како показна вежба како не треба да изгледаат избори.

Јавноста треба да знае дека, според законот, ДИК е најодговорната институција за спроведување на изборниот процес. За разлика од сите други состави на ДИК во изминатите 25 години, овој состав имаше највисоки законски ингеренции, но не ги искористи.

Голем број гласачи не можеа да го искористат своето право поради партизираноста и неспособноста на институциите, првенствено на ДИК. ЦИВИЛ побара одговорност од оние што беа повикани да го спроведат изборниот процес и да обезбедат почитување на правото на глас. Најмалку што треба да направат сега членовите на ДИК е да ги стават своите мандати на располагање.

Институциите мора да понесат и законска одговорност за хаваријата со Избирачкиот список, преку што се создадоа можности за злоупотреби и манипулирање со изборниот резултат.

Да потсетиме.

ЦИВИЛ побара повторно пребројување на сите гласачки ливчиња. Без оглед на тоа дали некоја политичка партија поднела приговор, ДИК, по службена должност, можеше да го стори тоа, имајќи ги предвид укажувањата од други ентитети, проблемите и нерегуларностите. Не го стори тоа.

ЦИВИЛ побара прегласување во 30 избирачки места поради поткуп на гласачи, сериозно кршење на изборната процедура од страна на ИО, фантомски гласачи, непрекинато кршење на изборниот молк, поткуп на гласачите, како и низа други нерегуларности. Без оглед на тоа што изборите се завршени и роковите за жалби се истечени, никој не ги спречува институциите да поведат постапки за одговорност пред законот.

ЦИВИЛ побара членовите на Избирачките одбори за кои ќе се утврди дека непрофесионално и неетички ја извршиле задачата или имале конфликт на интереси, да го изгубат правото да бидат избирани на таа позиција во наредниот изборен процес.

Мора да се спроведе итна анализа и истрага за работата на ДИК и нејзините тела, како и итни реформи на оваа институција. Убедени сме дека истрагата ќе доведе до одговорност и на поединци и структури во други институции на државата, како и на структури во политичките партии. Едноставно, некој мора да одговара за кршењето на изборните процедури и на правото на глас!

СПЕЦИЈАЛНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЦИВИЛ категорично бара продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. По изборите, ЦИВИЛ побара и проширување на мандатот на СЈО и на 2016 година, односно на предвремените парламентарни избори.

Иако за тоа се чини дека не постои законска основа во овој момент, убедени сме дека слабостите, незаконитото постапување, кршењето на изборните процедури, купувањето на гласовите, заканите, злоупотребите, притисоците и уцените, како и низа други сериозни нерегуларности кои ги нотира ЦИВИЛ на изборите, се директна последица на втемелени во криминалните практики и постапки кои се надоврзуваат или имаат директна или индиректна врска со предметите кои ги води токму СЈО.

ПОСТИЗБОРНО НАБЉУДУВАЊЕ Во постизборниот период, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ нотираат над 30 случаи на злоупотреба на огнено оружје во славеничко пукање, проследено со закани и говор на омраза.

Злоупотребата на институциите продолжи веднаш по денот на изборите, како и притисокот врз граѓанското општество, стигматизацијата и говорот на омраза против оние што размислуваат и дејствуваат поинаку од владејачките структури.

Нашите анализи упатуваат на низа појави и постапки кои се неприфатливи и спротивни на Уставот, законите и демократските стандарди. Бележиме противуставни и противзаконски постапки и при конституирањето на Собранието и при доделувањето на мандатот за составување на влада.

Не смееме да заборавиме и дека во составот на Собранието сега се наоѓа и еден осуденик за воени злосторства.

НАЦИОНАЛИЗАМ Сепак, најсериозната закана за демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи е национализмот. Националистичката реторика и говорот на омразата беа присутни во текот на целиот изборен процес. Непосредно по денот на гласањето ВМРО-ДПМНЕ продолжи со поттикнување на националистичка хистерија во земјата. ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДР ДПА, за сега, ги издвојуваме како партии чии настапи во јавноста имаат очигледна намера да го разгорат национализмот и преку поттикнување на етничките поделби и омразата, да го одвлечат вниманието од својот неуспех да ѝ понудат на Македонија излез од политичката криза.

Платформата на политичките партии на Албанките и Албанците во Македонија, иако не го одразува расположението на албанската заедница во целост, претендира да отвори прашања кои се однесуваат на сите нив. Дел од тие прашања веќе се регулирани и може да се работи на нивно спроведување, но се бележи и обид да се прошири агендата на сфери кои немаат допирни точки со реалноста во земјата.

Без оглед на оправданоста или неоправданоста на тој документ, тајмингот, вокабуларот, а најмногу неговата интерпретација во јавноста, претставуваат обид да се опструира процесот на демократизација во земјата во полза на деструктивните структури во двете најголеми етнички заедници. Платформата, како и низа други постапки на дел од политичарите не се насочени кон решенија за излез од кризата, а ниту кон соочување со бројните предизвици за Македонија од осамостојувањето до денеска.

Што се однесува до Платформата на албанските партии, потребно е, прашањата да се отворат тогаш и под такви услови, кои ќе дозволат мирен и демократски процес на интеграција и почитување на човековите права и слободи на сите етнички заедници во земјата, а не само на две од нив. Тоа што сега го гледаме е политичко профитерство кое ќе обезбеди предност токму на оние што се најодговорни за сериозните проблеми меѓу етничките заедници во земјата и за кои СЈО води истраги, а не за нивно надминување.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани на Република Македонија да издржат во овие тешки мигови кога одговорните поединци и структури манифестираат крајна незрелост и водат бескрупулозна битка за освојување на власта, преку национализам, омраза и поделби. Ги повикуваме да покажат, како и многупати во изминатите две години, дека никој не може да ги сопре во нивниот од кон слободно и мултикултурно општество и стабилна држава која ги почитува и брани човековите права и слободи.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: национализампостизборно набљудувањепрес конференцијаСЈОЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ