• Latest

ЦИВИЛ со препораки за јакнење на контролата на оружјето

July 9, 2017
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ со препораки за јакнење на контролата на оружјето

July 9, 2017 16:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот ден, 9 Јули е Меѓународен ден за уништување на оружјето. По повод овој ден, ЦИВИЛ издаде соопштение за јавноста во кое открива повеќе податоци за состојбите во областа на контролата на оружјето, која претходната власт ја занемари, односно, ја затвори за јавноста и го исклучи граѓанското општество. Во организацијата изјавуваат дека „многумина го помнат ЦИВИЛ по силните заложби за контрола на оружјето, учеството во акциите за собирање на нелегалното оружје и граѓанската едукација за надминување на култот кон оружјето. По една деценија затворени институции, се чини, се создадоа услови за реактивирање на оваа исклучително важна област во нашето дејствување“. 

Соопштението објавено на организациската веб страница го пренесуваме во целост.

Во свет во кој насилството се поттикнува и овозможува со лесниот пристап до оружјето, потребата од гласно одбележување на Меѓународниот ден за уништување на оружјето е повеќе од јасна!

ЦИВИЛ – Центар за слобода беше дел од иницијативата, поведена од Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms – IANSA) на меѓународно ниво, која предвидува прогласување датум за уништување на оружјето во сите држави во светот (9 Јули). Оружјето кое е вишок или е запленето во текот на една година, според принципите на овој Меѓународен ден за уништување на оружјето, треба да биде уништено, а не пренаменето или продадено на некоја друга држава.

ЦИВИЛ ја поздрави одлуката на Владата да го прифати овој датум и на 9 јули 2004 година изврши прво уништување на оружјето кое беше предадено во акцијата за собирање на нелегалното оружје во 2003 година.

Од првото уништување на оружјето во скопската железарница, 9 јули 2004 година

Иако не сите случаи на насилство што завршуваат со смрт или страдање, го вклучуваат поседувањето на нелегално огнено оружје, сепак, неговата широка достапност ги влошува состојбите. Ширењето на недозволеното оружје е закана за човековата безбедност. Фактот дека потеклото и следењето на нелегалното оружје често е невозможно, тешко е да се одредат точни статистички податоци. Сепак, од тоа што е познато, бројките се застрашувачки.

Уште позагрижувачки е што дури ни легалното оружје не е под сериозна контрола! Постапката за добивање дозвола не е комплицирана, а може да се каже и дека е недозволиво лесна. Воедно, се забележува и извесна селективност во постапките која не е во соодветна на стандардите, туку е повеќе заснована на своевидно дискреционо право да се даде или не дозвола за оружје на некое лице. Притоа самите дозволи не се почитуваат, односно, ако е дозвола за поседување, истата се користи и како дозвола за носење. Така беше барем во изминатите десетина и повеќе години. Новата Влада, предводена од СДСМ, сега треба да се соочи со бројните предизвици кои ги носи големата и комплексна тема на контролата на оружјето.

ЦИВИЛ како членка на Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms – IANSA) од 2002 година и на меѓународната коалиција Контрола на оружјето (Control Arms) од 2003 година, со години укажува на потребата од сериозни акции на институциите во земјата во овој домен. Собирање на нелегалното и строга контрола врз лиценцираното оружје, уништување на оружјето, едукација за надминување на култот кон оружјето, се само дел од проектите, експертизите и препораките кои ЦИВИЛ веќе 15 години ги упатува до релевантните државни институции.

Меѓународна кампања за уништување на оружјето, коалиција Control Arms во која ЦИВИЛ членува од 2003 година

ЦИВИЛ ја промовира и бара строго придржување кон меѓународната Спогодба за трговија со оружјето (Arms Trade Treaty) уште во 2012 година. Иако на меѓународен план ЦИВИЛ беше извонредно успешна и видлива организација, во рамките на напорите оваа спогодба да се спроведе доследно и на национално ниво, изолацијата на граѓанското општество се однесуваше и на ЦИВИЛ, така што во овој момент, не е познато до каде е имплементацијата на оваа меѓународна спогодба на која сме обврзани, по нејзината ратификација во 2014 година.

За жал, за разлика од периодот 2002-2006 година, кога Владата беше отворена за соработка со ЦИВИЛ на овие теми, како и со меѓународните институции и организации, како УНДП и ОБСЕ, во периодот 2006-2016 година, темите поврзани со контролата на оружјето беа занемарени, а тоа што се работеше, беше ограничено и го исклучуваше граѓанското општество и јавноста. За постигнување на оваа цел потребно е и јакнење на довербата на граѓанките и граѓаните во институциите и владеење на правото. За жал, незначителниот број на активности на институциите во оваа насока само ја затскриваат реалноста во која живее општеството.

Во светот се произведуваат 14 милијарди куршумии годишно. По два куршуми за секој жител на планетата…

Во регионот, само жителите на Србија имаат повеќе регистрирано оружје од граѓаните на Македонија, според податоците на „Вашингтон пост“ од 2016 година. Овие податоци посочуваат дека во Македонија има 24,1 парчиња регистрирано оружје на 100 жители, или речиси секој четврти жител поседува оружје!

ЦИВИЛ, за жал, не може да сподели со јавноста најнови податоци за оружјето, бидејќи МВР сè уште не одговорило на прашањата кои ги упативме за време на Меѓународната недела на акција против оруженото насилство, која ЦИВИЛ ја одбележува од самиот почеток на своето членување во релевантните меѓународни мрежи и експертски тела. Веруваме дека документацијата и аналитичките податоци кои се однесуваат на оваа тема, занемарена од претходните власти, набрзо ќе бидат консолидирани и ќе бидат споделени со нашата организација за понатамошни анализи и подготовка на стратегија за обновување на активностите во сферата на контролата на оружјето.

Меѓународниот ден за уништување на оружјето е потсетник дека работата на институциите мора да биде посветена на решавање, спречување и превенција на оруженото насилство. Во свет во кој безбедносните предизвици се огромни, потребата од вклучување на граѓанското општество е повеќе од очигледно, а приодот кон  овие теми мора да биде комплексен и мултидисциплинарен.

Tags: Control ArmsИАНСАконтролаМакедонијаоружјеСпогодба за трговија со оружјетоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ