• Latest

Легалното оружје не е под сериозна контрола!

June 9, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Легалното оружје не е под сериозна контрола!

June 9, 2017 18:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во исчекување на најновите статистики од Министерството за внатрешни работи, во текот на Глобалната недела за акција против оруженотo насилство, ЦИВИЛ ги објавува податоците со кои располага за состојбата со оружјето во Македонија до 2015 година.

Една од најстарите иницијативи на ИАНСА, Глобалната недела на акција против оруженото насилство, оваа година се одбележува од 5 до 12 јуни. Секоја година, активистите на граѓанските организации, неформални граѓански групи и поединци од целиот свет се приклучуваат на оваа глобална акција, манифестирајќи ја силата на глобалното движење против оруженото насилство. Како долгогодишна членка на ова глобално движење, ЦИВИЛ – Центар за слобода ја одбележува Глобалната недела на акција, уште од 2002 година.

За десет години, МВР издало 24.529 дозволи за поседување оружје на физички лица.  Толкав арсенал за една деценија добил назнака – „се поседува со дозвола“, и се наоѓа во домовите на граѓаните низ Македонија.

Најмногу дозволи за поседување оружје се издадени во 2004 година кога 7.147 македонски граѓани добиле документ од МВР дека оружјето го поседуваат легално.

Во текот на годините бројките варираат. Во 2005 година драстично се намалува бројот на регистрираните парчиња оружје и се издадени 1.698 дозволи. Најмалку дозволи за поседување оружје се издадени во 2008 година, кога во архивата на МВР се регистрирани само 140 парчиња. Оттогаш, бројката постојано се зголемува. Во 2014 година се издадени 2.469 дозволи, а во 2015 вкупно 1.415.

Легалното оружје не е под сериозна контрола! Постапката за добивање дозвола не е комплицирана, а може да се каже и дека е недозволиво лесна. Воедно, се забележува и извесна селективност во постапките која не е во потполност соодветна на стандардите, туку е повеќе заснована на своевидно дискреционо право да се даде или не дозвола за оружје на некое лице. Притоа, самите дозволи не се почитуваат, односно, ако е дозвола за поседување, таа се користи и како дозвола за носење.

Резултатите од истражувањето на ЦИВИЛ од 2011 година упатуваат дека првите контакти со оружје, голем дел од младите ги имаат пред да станат полнолетни!

Дури 38 отсто од испитаниците на возраст од 16 до 22 години, потврдија дека најмалку еднаш биле во физички допир со огнено оружје. Понатаму, од истражувањето се констатира одлично познавање на огненото оружје кај децата и младите, што доаѓа од медиумската и интернет култура, но и од достапноста на оружјето, како и од култот кон него што се негува во општеството. Само еден од четири испитаници би пријавиле во полиција или кај друг авторитет, доколку знаат дека некој од нивните соученици носи оружје во училиште, што упатува на недоверба кон институциите, а воедно и на страв од поседувачите на оружјето.

 

Tags: Глобалната недела за акција против оруженотo насилстводозволиИАНСАистражувањеконтролаМВРпоседување оружјеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ