• Latest

ЦИВИЛ во медиумите

February 16, 2016
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЦИВИЛ во медиумите

February 16, 2016 15:36
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Активностите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во текот на изминатиот месец, постојано беа следени и објавувани од локалните и регионални телевизии, како и од Интернет медиумите. Најголем дел од овие активности се поврзани со проектите за долгорочно набљудување на политичките процеси во изборен контекст и за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација за гласачките права.

Јавниот настан кој како дел од кампањата „Сите за слободни избори“, кој на 25-ти јануари се одржа во Гевгелија, го проследи порталот GevgelijaNet, кој информираше за активностите на ЦИВИЛ.

Средбата со граѓанките и граѓаните на тема: “Сите за слободни избори”, која се одржа во Охрид, на 30-ти јануари, беше најавена од охридскиот портал Ohridnews.

Покрај најавата, сите локални и регионални медиуми со седиште во Охрид, професионално одговорија на поканата на ЦИВИЛ и известуваа за настанот. Регионалната ТВМ од Охрид, покрај прилогот, го покани и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во централниот ТВ дневник на оваа телевизија и објави извештај на веб-страницата. Изјавата на Дерала, за потребата од исполнување на сите предуслови за фер и демократски избори, проследена со информација за тоа како помина јавната дебата: “Сите за слободни избори“ во Охрид, исто така, беше пренесена од Ohridnews. Дебатата која помеѓу присутните се разви во Охрид, предизвика внимание и во националните медиуми, а во дел од провладините медиуми, за жал, некоиод изјавите беа користени и во манипулативни цели.

ЦИВИЛ на 2-ри февруари во Скопје организираше јавен настан „Плурализмот и политичката криза“ на кој учествуваа  политичките партии кои не се дел од преговорите за надминување на политичката криза. Единаесет лидери или високи претставници на политички партии и политички иницијативи, активисти од невладини организации, дипломати и претставници од пет амбасади беа присутни на настанот. За настанот известија две телевизии со национална концесија, 24 Вести и ТВ 21, а успешната јавна дебата беше проследена и од Интернет порталот Либертас.

Средбите со граѓанки и граѓани, јавните настани и дебати беа одржани во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Експертски мислења на членови на тимот на ЦИВИЛ, во изминатиот период беа барани од неколку медиуми, и беа дел од анализи, поврзани со политичките случувања во државата, со Договорот од Пржино, состојбата со медиумите и обезбедувањето на услови за фер и демократски избори.

Веб сајтот на радио Дојче Веле, во својата анализа: Дали Груевски “преку народот” го отфрла договорот од Пржино?, се повикува на изјавата на Дерала, според кој “популистичкиот говор на Груевски, во суштина, претставува гротеска и во други околности би можел да биде предмет на подбив. Но, не и сега.” Весникот „Нова Македонија“, во својот текст: “Проверка на избирачкиот список во три фази”, ги пренесе ставовите на ЦИВИЛ, за потребните промени во избирачкиот список: “Експертите-соработници на ‘Цивил ‘го поздравуваат напредокот во овој процес. ‘Цивил’ ќе ги поддржи сите чекори на ДИК за подобрување, прочистување и проверка на избирачкиот список…”

Телевизијата АЛСАТ-М, по упатеното писмо од невладините организиции до комесарот Јоханес Хан, разговараше со Дерала, за ставот на ЦИВИЛ, по прашањето дали треба да има избори на 24-ти април. Дерала, на истата тема, даде изјава и за националната телевизија 24 Вести.

Петрит Сарачини како претставник на ЦИВИЛ, на АЛСАТ-М, зборуваше за корупцијата што ја прави власта, и корумпирањето на медиуми со јавни пари.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, продолжува да биде отворен за соработка со сите медиуми во Македонија.

 

Tags: 24 ВестиAlsat-MЛибертасМедиумиПетрит СарачиниТВ21ЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ