• Latest

ЦЕА: Покривањето на обврските од општините води кон натамошно еродирање на правната држава

February 1, 2018

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦЕА: Покривањето на обврските од општините води кон натамошно еродирање на правната држава

February 1, 2018 10:52
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за економски анализи (ЦЕА) смета дека барањата за генерирање на долгот од страна на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и неговото евентуално надмирување од централната власт за покривање на неплатените обврски на општините и нивните јавни претпријатија води кон натамошно еродирање на правната држава.

– Со ваквата мерка се праќа сигнал дека незаконските дејанија, неодговорното работење, и немањето на отчетност се исплаќа, а економските субјекти се изложуваат на нефер и дискриминаторска  положба во однос на државата и се креираат пазарни девијации на пазарот на капитал, велат од ЦЕА.

Ваков инструмент, според нив, води кон одржување на заробеноста на државата што веќе беше детектирана од страна на Европската  комисија, а дополнително, додаваат, се праќа порака за неказнивост на партиските кадри кои ги водат општините и се синдикализираат трошоците за неодговорно работење на избрани и именувани функционери со што се креираат ризици за неодговорност и морален хазард.

– Знаејќи дека ќе поминат без соодветна казна за неодговорно работење со даночните средства на граѓаните се креира ситуација на отсуство на секаква грижа за управување со ризиците соодветно на можностите и ресурсите на општините од страна на неодговорните градоначалници. Трошокот за неодговорното работење во заробената држава паѓа на товар и на оние кои не се одговорни за неодговорното и надвор од законот работење, велат од ЦЕА и потенцираат дека ваков инструмент води кон дискредитирање на институции, надзорни тела и воопшто системот на проверка и контрола.

ЦЕА бара Владата да направи соодветна анализа за состојбата, причините, структурата, финансиските и економските ефекти од неплатените обврски од страна на ЕЛС и да ја детектира одговорноста која мора да биде индивидуализирана, а Министерството за финансии да направи соодветна анализа за состојбата, причините, структурата, финансиските и економските ефекти од неплатените обврски и да ја детектира одговорноста која мора да биде индивидуализирана.

Соодветно на тоа, се бара Јавното обвинителство да покрене истрага по овие анализи и соодветно да постапи таму каде има основано сомневање за кривични дела. Воедно, се бара да се утврди кои општини ќе може да ги репрограмираат долговите со краткорочно задолжување по пазарни услови од страна на самите општини, а кои со краткорочна позајмица од Буџетот на Република Македонија.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: МакедонијаОПШТЕСТВОСКОПЈЕсоопштениеЦЕА
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ