• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Злокобниот инфантилизам на воениот злосторник и неговата братија

October 10, 2022

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Злокобниот инфантилизам на воениот злосторник и неговата братија

October 10, 2022 08:22
in ES-PRESS-O, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Има една детска игра што ја нарекуваат „Куќа“. Кога играат брканица и не можат повеќе да бегаат, ќе стапнат на некоја претходно договорена точка и извикуваат „Куќа“! И никој не смее да ги фати. Тоа би му дошло нешто како недопирливост во светот на возрасните.

Така игра и Путин. Со таа разлика што за него „куќа“ е местото што не му припаѓа нему, туку се обидува да го присвои, спротивно на сите правила и договори (на крвавата „игра“ што ја започна самиот):

Прво напаѓа и освојува по цена на целосно разорување и брутални воени злосторства и геноцид, а потоа, кога го тераат во панично бегство, извикува „Куќаааа“!

Панично бегство

Пред осум и пол години Русија ја нападна Украина и окупира нешто повеќе од седум проценти од нејзината територија – индустрискиот исток и стратешки важниот полуостров Крим. Веднаш се анектира Крим, со референдум под нишанот на калашниковите на војската и локалните паравојски што ги финансира Путиновиот режим.

Сега, руската војска, паравојските и професионалните убијци под руско знаме панично се повлекуваат пред јуришот на храбрите украински борци за слобода, меѓу кои има безброј доброволци, довчерашни цивили.

Украинците до пред само три-четири месеци беа речиси голораки, а и сега се повеќекратно помалку вооружени и помалубројни од втората суперсила во светот. Но наспроти пропорциите во воена и огнена моќ, Украинците ослободија повеќе територија од својата земја за шест недели отколку што Русија успеа да освои во за повеќе од пет месеци.

Крвави контрасти

Украинците покажаа невидена храброст и пожртвуваност, а Русите покажаа невидена крволочност, садизам и разбојништво. Освен тоа, руската воена машинерија покажа зачудувачки слабости и низок воен морал и недисциплина. Пропагандната машинерија покажа повеќе успех, благодарение на инсталациите што ги има низ цела Европа.

Делумното онеспособување на мега-мостот што го поврзува Крим со Краснодар, ден по седумдесеттиот роденден на Путин, беше уште една силна шлаканица за Русија. И повторно како во детска игра, но со крвави последици во чудовишни размери, Путин и неговата злосторничка братија, заробените институции, пропагандната машинерија и политичките структури (партнери во одржувањето на крвавиот режим) прогласуваат недопирливост.

Земјата што не е и не сака да биде руска

Сознанието за тешкиот воен, политички и морален пораз го стасаа и (само)изолираниот Путин. Соочен со тешките загуби на фронтовите, тој на Светскиот ден на мирот, 21 септември, прогласи делумна мобилизација од која побегнаа повеќе од 200.000 военоспособни Руси за само седум дена по повикот за „одбрана на мајка Русија“. Во меѓувреме, тој набрзина нарача „калашников референдуми“ во септември и веднаш потоа да прогласи анексија на окупираните области што ѝ припаѓаат на Украина.

Следниот чекор во неговиот злокобен инфантилизам беше да каже дека сега секој обид да се ослободат окупираните области е, всушност, напад на руска територија.

Тоа и се случи. На тој начин, започна следната фаза во војната на Путин против слободниот свет. Во која тој е во крајно понижувачка дефанзива. Но затоа неговите бледи прсти се сѐ поблиску до црвеното копче за лансирање на нуклеарните ракети во тоа што тој го нарекува „одбрана на руската земја“. „Руска земја“ што не е руска и не сака да биде руска.

Колку злокобни и гротескни, толку и болно инфантилни реакции на рускиот естаблишмент

Путиновата послушна Дума, само неколку часа откако Украинците му го кренаа во воздух мостот кој раздвојува (како што го нарекуваат во светот) соопшти дека тоа го смета за објава на војна.

„Терористичкиот напад на Кримскиот мост повеќе не е предизвик, туку објава на војна без правила“ – стои во изјавата на руската Државна дума на 8 октомври, неколку часа по експлозијата.

Изјавите што уследија од рускиот политички естаблишмент беа, колку злокобни и гротескни, толку и болно инфантилни.

„Против нас се води нескриена терористичка војна. Покрај тоа, долгонајавуваниот терористички напад на мостот на Крим веќе не е само предизвик, тоа е објава на војна без правила“, рече рече пратеникот на Обединета Русија (Единой России), Олег Морозов, во изјава за „мојата омилена“ РИА.

Во меѓувреме, Русија сее терор – руските ракети погодија цивилни цели и убија недолжни цивили во Запорижја, среде ноќ. Последното броење за кое знам е дека загинале 17 цивили, 49 се ранети, меѓу кои има и шест деца. Удрија и на Кијив утрово (10 октомври).

Како лоша претстава во театар на апсурдот. Со тешки и крвави последици. Без ни малку чувство за одговорност, како за изречените бесмислици сите овие години, така и за грозоморните злосторства извршени во војната. Спроведуваат геноцид пред очите на целиот свет, а одбраната и борбата за слобода ја прогласуваат за објава на војна против нив. Невидено и несфатливо. Уште пострашно – некои ги сфаќаат сериозно, им веруваат и ги поддржуваат.

Навистина, може ли светот да биде повеќе луд од ова?


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ