Здружението на новинари и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.
Со Меморандумот, појаснуваат од Комисијата, ќе бидат реализирани обуки за новинарите за ефикасно користење на законската можност за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и јавни кампањи кои ќе придонесат институциите да станат потранспарентни за новинарите и за граѓаните како корисници на уставно загарантираното право на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини