„Во знак на револт поради зачестените напади ги повикуваме сите новинари да не известуваат од вечерашниот протест на иницијативата ‘За заедничка Македонија’. Во иднина, нашиот став во врска со покривање на овие настани, ќе зависи од подготвеноста на организаторите и на МВР да обезбедат услови за работа на новинарските екипи“, стои во соопштението на ЗНМ.
Здружението силно ги осуди нападите на своите колеги, го повика МВР да поднесе соодветни пријави за насилниците. Исто така, ЗНМ го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да преземе одговорност и да ги повика своите приврзаници на протестите да не напаѓаат новинари.