• Latest
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

ЗНМ: Владата да го подмири долгот на МРТ кон ЕБУ

October 31, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЗНМ: Владата да го подмири долгот на МРТ кон ЕБУ

October 31, 2017 17:27
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија ја повика Владата итно, во најбрз можен рок, да обезбеди средства за подмирување на долгот од околу половина милион евра што МРТ го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

„На овој начин ќе се отстрани опасноста Македонската радио и телевизија да биде „отсечена“ од Европското радиодифузно семејство што претставува голем чекор назад во процесот на европските интеграции со кој дополнително се нарушува имиџот на Република Македонија“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Неподмирувањето на долгот значи дека МРТ нема да може да емитува програма од ниту една членка на ЕБУ, ниту спортски натпревари, филмови, странски емисии, цртани филмови и документарна програма.

Од ЗНМ соопштуваат дека во моментов, според информациите од централата на ЕБУ, МРТ нема пристап до содржините што се емитуваат преку нивните сервиси.

Реакцијата на ЕБУ според ЗНМ е последица на повеќегодишно недомаќинско работење на јавниот сервис за што треба да се преземе одговорност. Исклучувањето на МРТ од ЕБУ е резултат на нефункционалниот модел на финансирање на јавниот сервис и на лошиот менаџмент.

Програмскиот совет на МРТ на вчерашната седница донесе заклучок со кој побара од Владата да го подмири долгот на МРТ кон Европската радиодифузна унија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: долгЕБУЗНММРТодговорност
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result