Претседавачот на Советот на министри Зоран Тегелтија, кој денеска и утре ќе учествува на дводневниот Самит Отворен Балкан во Охрид, побара од Претседателството на БиХ да размисли и да се согласи за пристапување на БиХ во регионалната иницијатива, пренесува Еуроњуз.рс.
Тегелтија во пресрет на заминувањето за Охрид испрати писмо до Претседателството на БиХ во кое покрај информациите за заминување во Охрид бара да се разгледа и да се даде согласност за пристапување на БиХ во иницијативата Отворен Балкан.од оваа регионална иницијатива.
Ова за Срна го потврдија од Кабинетот на претседавачот на Советот на министри на БиХ.
Инаку, Самитот се одржува денеска и утре, а покрај Тегелтија, а како гостин ќе присуствува и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ се состои од Србија, Албанија и Северна Македонија.
Денеска во Охрид започнува дводневен самит на регионалната иницијатива Отворен Балкан, на кој ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Северна Македонија и Албанија Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и претставници од Црна Гора. и БиХ. Како што е најавено, на самитот ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка во областа на високото образование, туризмот, културата и даночните служби.
Самитот ќе започне околу 18 часот, во хотел Метропол во Охрид, со средба на лидерите на земјите од Отворен Балкан со министрите за земјоделство. Следува работна вечера на лидерите на Отворен Балкан.
М.Д.