• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

Зошто е недвосмислен факт дека оваа покана на ЕУ е „финална“ а не некаква манипулација?

July 6, 2022

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто е недвосмислен факт дека оваа покана на ЕУ е „финална“ а не некаква манипулација?

Ова е навистина миг на „да“ или „не“ за ЕУ, а сите што извикуваат „неправда, поништени сме!“ нека се запрашаат вистина ли е така и дали нивните теории од типот „што би било кога би било“ се доволни за да кажеме НЕ и тоа еднаш за секогаш на влегувањето во ЕУ. Еди Рама ви кажа, а и самиот Христијан Мицковски пред помалку од една недела го кажа истото, навистина нема да има друг предлог.

July 6, 2022 18:38
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ФОРУМ
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА, професор по теорија на студии на политики

Зборот „финална“ го ставив во наводници затоа што не е толку прашање на време туку на конечност на чинот на покана во суштинска а не временска смисла.

Логиката е едноставна: „францускиот предлог“ е документ кој пред нас го поставува едногласниот Европски совет кој ја содржи како поканата така и условите на поканата за отпочнување преговори за пристапување. Овие услови се поставуваат еднострано, тој што кани – значи, Европската унија – тој и кажува под кои услови и правила на игра би нѐ примил. Ние или ги прифаќаме и почитуваме поставените услови или сме исклучени од процесот. Не е фер? Можеби не, можеби да, но така функционира светот (барем во овој век): за обично „пристапување“ на Твитер треба да ги прифатите „условите и правилата“ па дури и да одговарате ако свесно ги прекршите, а не пак за пристапување на сојуз на држави.

Ако сега се каже „не“ навистина се кажува еднаш за секогаш „не“ на пристапувањето кон ЕУ. Никој не е должен, никој нема обврска по втор пат да ви упати покана да го комплетирате пристапувањето – чинот се случил, свршен е, а наше е да кажеме „да“ или „не,“ и тоа ќе биде, најверојатно, неотповикливо и важи еднаш за секогаш. Еве, историчарите и компаративните аналитичари на феноменот на европското проширување, ги замолувам, да ме побијат ако грешам кога го тврдам ова. Имено, замолувам да ме поучат дали знаат за пример кај што кандидатот си задал самиот себеси рамка каква сака и го принудил Советот да ја смени поканата и нејзините услови. (Инаку, да, знам дека во текот на преговарањето може многу нешта да се сменат во полза на кандидатот, но за тоа треба да почне процес на преговарање.)

Сакам да го замолам секого, сам да го прочита интегралниот „француски документ“ и да се служи со здрав разум: ова не е документ за специјалисти и нека не се мистифицира, ами документ кој секој носител на одлуки но и секој граѓанин треба да може да го разбере. Во него, јазикот се нарекува македонски (ако Бугарија си упати унилатерална нота, таа е уни-латерална, еднострана, и не го засега никој освен Бугарија), историја не се спомнува, протокол се спомнува дека постои (по што ќе следат некакви годишни извештаи) но никој не наложува каков да биде тој протокол, што ќе содржи. Ќе биде каков сакаме да биде – каков ќе се избориме да биде, таков ќе биде. Додека не добиеме најдобро можно решение за Македонија, ако треба и 100 години, ќе преговараме и со Бугарија и со ЕУ, но нема никаква потреба вториов процес да се сосекува во корен додека самите не заклучиме дека сме удриле во непробоен ѕид со првиот процес (билатералните преговори со Бугарија).

Ова е навистина миг на „да“ или „не“ за ЕУ, а сите што извикуваат „неправда, поништени сме!“ нека се запрашаат вистина ли е така и дали нивните теории од типот „што би било кога би било“ се доволни за да кажеме НЕ и тоа еднаш за секогаш на влегувањето во ЕУ. Еди Рама ви кажа, а и самиот Христијан Мицковски пред помалку од една недела го кажа истото, навистина нема да има друг предлог.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ