ЦИВИЛ Медиа, ги праша претставниците на граѓанските здруженија „Зошто Европа“ во серијата разговори што ги имавме за време на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ во организација на ЦИВИК Мобилитас. Серијата разговори ги продолжуваме со Сашка Коцевска, Дороти Пачкова, Мехмет Точи и Билјана Атанасовска, Мерсиха Смаиловиќ и Беким Асани.
„Сите позитивни работи што доаѓаат од Европа да ги прифатиме и да бидеме дел од европското семејтво“, вели Сашка Коцевска од здружението „Вила Зора“, Велес.
„Во Европа не се замараме со национализам, се занимаваме со прогрес, напредок и ајде да одиме напред“, вели Мерсиха Смаиловиќ од „Легис“.
„Европа поради ота што во овие 30 години видовме дека не можем сами да фунцкионираме затоа што ни требаат европски вредности, европска култура и евроско почитување на човековите права“, вели Дороти Пачкова од здружението „Една Може“.
„Европа е важна затоа што можеме многу да научиме еден од друг. Тоа значи дека и ние како земја можеме да испорачаме квалитетни нешта од кои ќе може Европа да научи од нас. Секако дека и ние можеме да научиме многу од земјите-членки на ЕУ. Размената на културата, на знаењата може да донесе и ја очекуваме како бенефит на сите граѓани. Колку побрзо бидеме дел од тоа семејство, толку е подобро за нас“, вели Мехмет Точи од здружението „Месечина“, Тетово.
„Европа затоа што ќе имаме работа со високо развиени земји. Треба и сме дел од Европа, тоа е стремеж на секоја земја да биде дел од европските политики“, вели Билјана Атанасовска од „Епл три“.
„Европа може да не обедини, да има посветла иднина за сите, еднаквост, различности, толеранција…“, вели Беким Асани од ЛГБТИ Јунајтед, Тетово.
Биљана Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети