• Latest

Зошто ќе гласам на референдумот и зошто ќе гласам позитивно на поставеното прашање?

September 2, 2018

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто ќе гласам на референдумот и зошто ќе гласам позитивно на поставеното прашање?

September 2, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас нема да го бојкотирам референдумот затоа што тој претставува начин мојот глас да се слушне и да има влијание. Затоа што референдумот претставува највисок облик на непосредна партиципација на граѓаните во остварувањето на власта. Затоа што референдумот ја ограничува самоволната власт. Затоа што е тој алатка на демократијата која била со крв извојувана.

Мирјана Најчевска

Јас ќе излезам да гласам на референдумот затоа што мојот глас е важен, затоа што имам мислење за поставеното прашање и затоа што имам став за поставеното прашање кој сакам да го кажам.

Јас ќе гласам позитивно на поставеното прашање на референдумот од две причини.

Прво, мислам дека договорот со Грција е сам по себе добар договор затоа што овозможува да мрднеме од мртвата точка на која сме заглавени веќе четврт век, затоа што е балансиран и компромисен, и, затоа што е правно издржан. Јас би гласала за и на референдум на кој би се поставило многу поедноставно прашање: дали сте за склучениот договор со Република Грција? Тоа што опозицијата (и во двете држави), која не успеа да смени ништо во изминатиот период, на еднаков начин се спротивставува на договорот, употребува истоветна реторика во неговото негирање и на многу сличен начин ги поттикнува граѓаните на својата држава да го мразат другиот, претставува само уште еден доказ дека договорот е навистина компромисен.

Второ,  позитивниот исход на референдумот, според мене ќе претставува подотворена врата за промена. Промена на условите за развој, промена на вреднувањето, промена на општата клима во државата. Јас лично не очекувам  дека нешто одеднаш и преку ноќ ќе стане поинакво во државата. Не очекувам било која партија која ќе дојде на власт толку лесно да се откаже од облекувањето на удобните, добро разгазени чевли на претходникот. Не очекувам да потечат мед и млеко, не очекувам да скокнат платите, не очекувам да се исчисти воздухот или пак да се намали невработеноста. Меѓутоа, очекувам, постепено ограничување на партиското самоволие, очекувам се потешко облекување на оние претходно спомнатите добро разгазени чевли на претходникот, очекувам поставување на темелите на владеењето на правото, правила и процедури кои ќе ги штитат граѓаните од моќниците, зачеток на социјалната матрица во која никогаш (ни во зимо ни во лето) некој не смее да остане без струја и вода затоа што нема средства да го подмири долгот кон давателите на услуги.

За мене, позитивниот исход од референдумот е можност да влеземе во таква фаза од развојот во која кога ќе му биде поставено прашање на градоначалникот зошто на распишаниот тендер на ЈСП-Скопје била избрана фирма која постои само седум дена, тој нема да ми каже дека сѐ е според закон и дека претходната власт ваков тендер дала на депилаторка (по принципот „удобни, разгазени чевли на претходникот“). Ќе влеземе во таква фаза од развојот во која едноставно нема да биде возможно на ваков тендер да биде избрана фирма која постои една недела и кога на секое прашање градоначалникот ќе даде аргументиран, издржан и соодветен одговор во кој нема да се спомнува владеењето на претходната политичка гарнитура.

Референдумот е мое право и јас ќе го искористам, на начин кој не ги ограничува другите во искажувањето на нивното мислење.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Оваа анализа е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

Tags: добро владеењеЕУполитикареферендум
Share998TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ