• Latest
Фото: Цивил / архива

Зошто Македонија не е дел од воената соработка меѓу Косово, Албанија и Хрватска?

April 7, 2025

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Зошто Македонија не е дел од воената соработка меѓу Косово, Албанија и Хрватска?

April 7, 2025 15:00
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА
Фото: Цивил / архива

Фото: Цивил / архива

Share on FacebookShare on Twitter

На 18 март Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација преку која земјите ветуваат дека ќе се ангажираат за зајакнување на соработката на полето на одбраната и безбедноста, што предизвика реакција од Србија, која ова го оцени како отворена провокација кон Белград.

Хрватска рече дека соработката е отворена и за сојузниците и партнерите на Европската унија и НАТО, кои „сакаат да придонесат за градење на стабилноста, безбедноста и одржливоста во регионот на Југоисточна Европа“.

Северна Македонија не стана дел од ова декларација.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија за Фронтлајн анализира зошто Северна Македонија не е дел од оваа алијанса.

– Една опција е да не сме потписници на Меморандумот за воена соработка меѓу Хрватска, Косово и Албанија по избор на Скопје. Тогаш Владата е целосно недоследна кон стратешката национална цел: да работиме на сопствениот одбранбен капацитет вклучително низ вмрежување со сојузниците, како членка на Алијансата.

Ако, пак, Скопје не сакало да е дел од воено-техничка соработка со Приштина, тогаш значи дека оваа Влада фактички не го признава Косово и покрај „срдечните“ односи на ВЛЕН и Мицкоски со Владата (на Курти) во Приштина. Конечно, со оглед на (очекувано) негативните реакции на Вучиќ во однос на Меморандумот, излегува дека Владата на Мицкоски-Меџити-Димитриевски – со неучеството во Меморандумот – практично изградила позиција по волја на српското државно раководство спротивна на своите национални интереси и интересите на сојузниците, а одбранбено му ја ставило Северна Македонија на испомош на „српскиот свет“, анализира Величковски.

Втората опција, додава нашиот соговорник, е да не сме поканети да го потпишеме Меморандумот или поради недоверба од Загреб, Приштина и Тирана, поради недоверба од Вашингтон и Брисел (како седиште на НАТО) или поради недоверба на сите наведени центри. Имено, овој Меморандум и соработката што тој треба да ја официјализира не е без знаење и/или согласност од Вашингтон (и Брисел).

– Тоа е еднакво поразително, бидејќи таквиот став би значел дека на (Владата на) Северна Македонија не се гледа како на доверлив партнер за воена, но и воено-техничка соработка во рамките на Алијансата. За илустрација колку моменталната надворешна и одбранбена политика на РСМ отстапува од досегашната европска и евроатланска ориентација, доволно е само да се потсетиме дека во министерскиот мандат на Бујар Османи, пред две години по наша владина иницијатива е формирана QUAD, квадрилатералата што ги обедини Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово како земји со стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ – а денес, во министерскиот мандат на Муцунски и Мисајловски – Северна Македонија ниту е посветена на веќе започнатите надворешно-политички иницијативи на кои е потписник – ниту пристапува кон дополнителни регионални иницијативи од одбранбено значење за нашата земја, вели тој.

Тој нагласи дека Меморандумот за воено-техничка соработка подразбира особено образовна и техничка соработка како на ниво на вооружените сили, така и на ниво на т.н. „наменска“ (воена) индустрија.

– Еден ваков меморандум за Северна Македонија е можност за заеднички настап во изградба на свои капацитети за вооружување, но и при набавка на оружје за потребите на својата одбрана по пониски цени. За илустрација: Косово во соработка со Турција цели на производство на дронови, Албанија на пазарот веќе исфрли свое оклопно возило за транспорт на армиски персонал. Хрватска својата наменска индустрија се обидува да ја развие од првите моменти на независноста.

Северна Македонија има интерес и можност да учествува макар со една навртка во овие финални производи, да не зборуваме за можностите на „МЗТ“, „Еурокомпозит“, „Сувенир“, „Руен“ да учествуваат во производство по НАТО стандарди. Незаинтересираноста на Скопје да се вклучи во овој индустриски сектор низ Меморандумот, оттука, може да значи дека Владата на Северна Македонија штити нечија наменска индустрија (вон НАТО)? Меморандумот значи и можност за заедничко барање понуди за сопствено вооружување.

Ова е сет прашања за Мисајловски, Мицкоски и Силјановска-Давкова, но и за Шеќеринска. Северна Македонија не стана дел од договорот за воена соработка меѓу Косово, Албанија и Хрватска, подвлече Величковски.

Во обете варијанти, анализира нашиот соговорник, позицијата на Скопје или односот кон нас е знак на недоследност на нашата Влада во евро-атлантската припадност на Северна Македонија – не само во Загреб, Приштина и Тирана, туку од Рига до Вашингтон и од Мадрид до Анкара.

– Со сите последици по нашата националната одбрана, економија и безбедност. Таквата недовербата кон Северна Македонија во овој домен значи дека Владата на Мицкоски и Меџити прифатила Скопје да биде воено-политички „јужен транзит“ на „српскиот свет“ од Бања Лука преку Белград кон Егејското Море, а односно сообразена со интересите на Србија води одбранбена политика спротивна на националните интереси на Северна Македонија, која не е ниту суверена ниту сојузничка.

Умесно би било да чуеме и став на западните дипломати за фактот што на оваа одбранбена политика на Владата до сега се спротивставени само Движењето за нова република и Демократската унија за интеграција. Односно кој е нивниот став за консензусот меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВЛЕН за несувереноста на Скопје кон Белград и Бања Лука што и фактички ја воведува земјата во проектираниот „српски свет“ – овој пат во одбранбениот домен, нагласи Величковски.

И Демократската унија за интеграција (ДУИ) се огласи за договорот за воена соработка меѓу Косово, Албанија и Хрватска и праша зошто Македонија не е дел од оваа соработка.

Тие наведуваат дека премиерот и министерот за одбрана се приближуваат до Белград, а во исто време министрите од актуелната влада присуствуваат на настани организирани од руската и кинеската амбасада.

– Зошто Северна Македонија беше изоставена од воената соработка со НАТО сојузниците? Албанија, Косово и Хрватска потпишаа меморандум за воена и индустриска соработка, што има позитивни ефекти и врз нивните економии. Во меѓувреме, Северна Македонија остана надвор од оваа важна регионална иницијатива.

Дали сме заборавени? Исклучени? Или оваа влада одби да биде дел од процесот? Косово и двете земји од регионот на Западен Балкан кои се дел од Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), Албанија и Хрватска потпишаа декларација за продлабочување на соработката во областа на одбраната и безбедноста.

Без конкретни детали, министрите за одбрана на трите земји порачаа дека ќе ја зголемат интероперабилноста на нивните армии преку едукација, обука и заеднички вежби, како и дека ќе се вклучат во борбата против хибридните закани, но и ќе ги координираат политиките за евроатланска интеграција. Србија го сметаше тоа за чекор што ја „поткопува регионалната стабилност“ и како закана за нејзиниот „територијален интегритет“, додека Косово рече дека иницијативата не треба да се гледа како закана за никого, туку дека треба да се прифати како порака дека трите држави ќе бидат обединети пред секој предизвик или закана“, се вели во соопштението на ДУИ.

Што содржи декларацијата за воена соработка меѓу Косово, Албанија и Хрватска?

Истражување на развојот и стекнувањето на одбранбени способности преку мултинационална соработка, споделување на најдобрите практики во регрутирањето, развојот и задржувањето на персоналот за зајакнување на превентивните и одбранбените способности, заеднички вежби, зајакнување на контрамерките против хибридните закани, споделување на разузнавачки информации за превенција и поддршка на Косово во добивањето статус на мировен партнер на НАТО. Ова се дел од точките на декларацијата за соработка.

Договорот има четири точки.

Првата точка се однесува на унапредување на одбранбените способности и соработка во оваа индустрија.
Во него се наведува дека трите земји ќе го истражуваат развојот и набавувањето на одбранбените капацитети преку мултинационална соработка, со цел да се зголеми подготвеноста на нивните воени сили. Косово, Албанија и Хрватска, исто така, ќе се залагаат за да ги идентификуваат областите за соработка во одбранбената индустрија, промовирајќи пристап до ресурси и синџири на снабдување со цел да имаат една конкурентна и одржлива одбранбена индустрија.

Оваа точка од договорот предвидува и инвестиции во нови технологии и иновации со цел да се постигне еден унифициран пристап кон трансформацијата на безбедноста и одбраната.

Втората точка се однесува на зголемувањето на интероперабилноста преку едукација, обука и вежби. Во неа се наведува дека најдобрите практики за регрутирање, развивање и задржување на квалификуван воен персонал ќе бидат споделени со цел да се зголемат превентивните и одбранбените капацитети. Исто така се предвидува и можност за индивидуално образование и обука преку соодветните академии и универзитети на државите, се „со цел подобро стратешко разбирање на заедничките закани и предизвици“.

Договорот предвидува билатерални и трилатерални вежби за подобрување на интероперабилноста врз основа на политиките на НАТО и ЕУ, со цел адекватна подготвеност на нивните воени сили. Инаку, во последните години Северна Македонија инвестираше многу во одбраната и го зголеми буџетот на 20.450.820.000 денари.

Во однос на одобрениот буџет за 2024 година, оваа година тој е зголемен за 322.360.000 денари. Северна Македонија на 27 март прослави 5 години од членството во НАТО. На 27 март 2020 година земјата официјално стана членка на НАТО, а на 30 март на 30 март знамето на Северна Македонија, како знаме на 30-та сојузничка земја, беше подигнато во седиштето на НАТО во Брисел, пред Врховната сојузничка команда (SHAPE) – Сојузничката операциона команда во Монс, Белгија и пред Сојузничката команда за трансформација во Норфолк, САД.

Дестан Јонузи/ Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ