• Latest

Зошто медиумите не известуваат подеднакво за сите светски конфликти и жртви?

January 3, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Зошто медиумите не известуваат подеднакво за сите светски конфликти и жртви?

January 3, 2025 12:50
in КОНФЛИКТИ, МЕДИУМИ, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОВСКИ / ИМА

Ширум светот беснеат многу повеќе вооружени конфликти отколку што пробиваат во медиумските наслови кај нас. На пример, според Меѓународниот комитет на црвениот крст, во светот денес има повеќе од 120 вооружени конфликти.

Женевската академија (на Правниот факултет на Универзитетот во Женева) мониторира над 110 тековни вооружени конфликти ширум светот.  Најмногу вооружени конфликти – 45, се регистрирани на Средниот исток и Северна Африка, а најконфликтна зона во моментов е уште Сирија (каде што курдските сили се сеуште во конфликт со про-турските сили). Некои од светските вооружени конфликти се долготрајни, некои се „(под)замрзнати“, но прилично се активни и однесоа огромен број на жртви минатата година – како, на пример, во Украина, во Израел и Палестина и соседните држави и во субсахарска Африка.

Таму се набљудуваат 35 вооружени конфликти, во Азија 21 вооружен конфликт, меѓу кои два интернационални вооружени конфликти – помеѓу Индија и Пакистан и Индија и Кина. Во Европа се мониторираат седум вооружени конфликти, меѓу кои најзначаен е интернационалниот конфликт помеѓу Русија и Украина, кој се мониторира од 2014 година. Во Латинска Америка се мониторираат шест неинтернационални вооружени конфликти, вклучително и конфликтите со картелите со дрога во Мексико.

Според еден неодамнешен преглед на вооружените конфликти во 2024, бројот на жртви од вооружени конфликти пораснал за 37% во 2024 (речиси 200.000), најмногу во Средниот Исток и Северна Африка, имајќи ги предвид околу 40 илјади жртви на палестинските територии. Потоа следуваат Израел, Либан, Азербејџан, Судан и Нигер. Бројот на жртви во субсахарска Африка се проценува на над 62,6 илјади (пораст од 28%), а во Европа и Евроазија на околу 38 илјади (пораст од 2%).

Според други студии, бројот на жртви од вооружени конфликти во 2024 бил поголем од 230 илјади. Според рангирањето на ACLED на тежината на конфликтите во декември 2024, најекстремните конфликти не се случуваат во Украина и Русија (инаку најсмртоносни за директните учесници во 2024!), туку во Палестина, Мјанмар, Сирија, Мексико, Нигерија, Бразил, Либан, Судан, Камерун, и Колумбија!

Меѓутоа, може да се стекне погрешен впечаток ако се бројат само жртвите од оружје, а не и цивилните жртви, раселените и сите други кои се сериозно погодени од последиците на вооружените конфликти. Според официјални проценки на ОН, бројот на луѓе кои имале потреба од хуманитарна помош во 2024, бил поголем од 300 милиони! УНИЦЕФ неодамна алармираше дека 2024 година била една од најлошите години во историјата за децата во конфликтните зони, каде што живеат над 473 милиони деца!

И во 2024 година имаше многу земји кои беа погодени од хуманитарни кризи – медиумски пренебрегнатиот Судан (каде што не можат да се избројат десетиците илјади жртви и милионите раселени лица, погодени од етничко чистење, сексуално насилство, болести, глад), Јемен (каде што милиони луѓе и деца сè уште имаат потреба од хуманитарна помош), Мјанмар (конфликти, насилство, поплави, болести, глад), окупираните палестински територии (воени злосторства, раселувања, глад), Сирија (конфликти, сиромаштија, глад), Авганистан (каде што од Талибанскиот режим и од глад се особено погодени жените и девојчињата), Либан (конфликти, сиромаштија, глад), Хаити (криминал, сексуално насилство, сиромаштија, глад), Сомалија (конфликти и глад), Мали (конфликти, глад, поплави), Буркина Фасо (конфликти, масовни убиства, сиромаштија, глад), Либија, Јужен Судан, Венецуела, Нигер, Еквадор, Конго, Нигерија, Колумбија, Етиопија…

Уште во ноември, Светската програма за храна антиципираше дека „2025 ќе биде година на безмилосна криза“, дека акутната глад е пак во пораст, дека од неа се засегнати 343 милиони луѓе во 74 земји!

Во третата деценија од 21-от век сè уште се соочуваме со геноцидни акти, геноцидни намери и геноцидни политики во повеќе места во светот. Клучните организации за човекови права изнесоа тврдења за акти на геноцид и геноцидни намери во Газа. Уште во 2023 Русија беше обвинета од Парламентарното собрание на Советот на Европа за геноцид поради принудното масовно депортирање деца. Надлежните во ООН во септември 2024 предупредуваа на индикатори за сторен геноцид во Судан. Повеќе организации за човекови права предупредија дека продолжува геноцидот во Мјанмар. И прогонот на Ујгурите и другите туркиски малцинства во Кина, е сè уште актуелна тема, со повеќе обвинувања за продолжување на политиките и мерките кои се сведуваат на злосторства против човештвото и „сериозен ризик за геноцид“ (резолуција на Европскиот парламент од октомври 2024). Организации за човекови права изнесоа укажувања за сторени масакри и сериозни злосторства против човештвото и во повеќе други земји во светот.

Накусо, во светот денес има толку многу жртви на вооружени конфликти и кризи, што ниту нашите медиуми имаат капацитет соодветно да известуваат за сите нивни страдања, ниту пак хуманитарците и активистите за човекови права имаат доволно енергија за да им се посветат на сите нив подеднакво. Токму затоа, во една ваква неподнослива состојба, кога некој/а новинар/ка ќе извести за хуманитарната ситуација на едни жртви во светот, секогаш можат да се најдат такви коментатори кои ќе забележат: „А зошто не ги спомнуваш жртвите во…?“.

Едноставно, не постои некој/а кој денес може да има доволно знаење, разбирање и емпатија за сите жртви на вооружени конфликти ширум светот. Но, тоа не треба да не обесхрабрува да се интересираме и учиме за вооружените конфликти, да се обидеме да ги разбереме, и да се солидаризираме – барем со дел од жртвите.


(Авторот е раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ