• Latest

Зошто МПЦ мобилизира јавност на средновековни прашања?

June 30, 2023

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто МПЦ мобилизира јавност на средновековни прашања?

June 30, 2023 11:51
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Секој има право на протест и демократијата е прекрасна работа – под услов да го почитуваш правилото „пред употреба прочитајте го упатството“. Aко тоа не го правиш, има голема шанса со помош на „демократски сретства“ да потпомогнеш во кршење, подривање и исчезнување на таа иста демократија.

Ете, браќа и сестри & граѓани и граѓанки, да го погледаме вчерашниот македонски пример: фамозниот протест нa МПЦ, бустирани со логистика и автобуси од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неизбежната госпоѓа Катица Ќулавкова, искажаа купишта сомнабулии против човековите права.

Има една неверојатна перверизија: штом почне ултра-десницата да ги брани човековите права – во нивниот первертиран свет – знајте дека делувањето ќе биде обратно: бранејќи ги, тие ги кршат човековите права. И сега цела земја е пред неверојатен политички и правен проблем. Сега некој ќе праша: а, како е тоа возможно? Така убаво. Верата и Црквата секогаш ќе бидат политички злоупотребени се додека Црквата не сфати дека Библијата е „инспиратив“ а не „норматив“ во политичката сфера.

Имено, за да ја злоупотребиш верата во политички цели, тоа можат да го направат верниците, црковната хиерархија, ама – со помош на перфидна игра – и разни идеологии и политичка бирократија…

Така вчера сведочевме на собир пред МПЦ заради поводот против „законот за родова рамноправност“, така што, во „свеста на конзервите“ ќе се редефинирало семејството помеѓу мажот и жената (каква гадна лага и претенциозност!), а во суштина тоа беше протест за промена на Европскиот пат (и она кое тој европски пат го симболизира) и ненормално-досадното „време е за предвремени избори“. Од друга страна, денес трагедијата во оваа земја е тaa што стана толку очигледно во актуелниот момент, а тоа е што средновековни прашањата се трансфер кој во најголема мера може да ја мобилизира македонската јавност.

А сега да одиме директно со објаснување: што во основа претставува Законот за родова рамноправност и што на „персоните драматис“ тука им смета? Им смета човечката слобода, а внатре во неа – женската слобода. Кога женската слобода е најзагрозена? Токму тогаш кога и се негира оној универзален, човечки аспект – затоа што рамноправноста на мажот и жената извира од свеста дека се работи за биолошки различни, ама еднакво-правни и еднакво-вредни човечки битија.

Во светот на црквовните лица и ултраконзервативците, мажот секогаш останува „стерилен“ (што би значело дека со мажот се’ е во ред?), а жената е сведена исклучиво на тело, а телото е сведено на репродукција, односно на „мајчински инстикт“: тоа е нејзина единствена билошка зададеност, сметаат овие групации. Жената не смее да биде ништо друго и не смее ништо друго да прави освен да раѓа во хетеро-нормативниот зададен поредок. Дури и оние жени кои се „привилегирани“ не смеат да излегуваат од ригидните оквири на „традиционални сопруги“. Секоја жена мора да има јасно зададени улоги во еден малограѓански „Grand Guignol“ (читај, негување на возбудливи и настрани театарски претстави).

Жените во неоконзервативната тиранија се „движечки материци“ кои треба да бидат оплодени од заповедниците, а таквите ја поддржуваат онаа врста, ама – која врста? Мицковата „нова врста“ на превратничка аристократија, во основа мрачњачка елита. Која е сржта на таквата превратничка идеологија? Дека се’ што нарекуваме модернитет, да речеме од Франција, Америка и останати граѓански револуции наваму, сите со идеи и пракси за човечките и женските права и слободи, секуларност, сексуална пермисивност, тоа за неоконзервативците и делови од Црквата претставува декаденција и несреќа. Па сè тоа треба да се врати „милом или силом“ повторно „на старо“. Така е најдобро, би рекла Црквата, а филозофот би рекол: никогаш не е подобро баш за сите…

Всушност би можело да се рече дека неоконзервативизмот и фундаментализмот во земјава експоненцијално се шири, ама со една задршка: и таквата тиранија не доаѓа исклучиво само „од десно“. Секоја слобода со себе носи ризици (затоа што луѓето се проклето несовршени битија, и во слободно меѓучовечко општење често се повредуваат едни со други); паметно и во ред е да се култивираат таквите разлики, ама ако се обидувате превентивно да ги укинете, што ќе добиете? Ќе ја изгубите слободата сама.

И што да правиме сега? Ништо, секој на својата „хартиска“ задача. Јас ќе пишувам текстови, фашистите ќе се прават дека не се фашисти, а измеѓу, како по обичај, сите ќе се правиме наудрени. Освен дедо Стефан и Катица Ќулавкова: тие се тука батице за политика, власт и моќ. Останати керефеки нив не ги интересира. Слободите на жената најмалку.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: ВМРО-ДПМНЕзакон за родова еднаквостМПЦ-ОА
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ